Битката кај Локвата и Вињари е борба помеѓу костурските чети на Македонската револуционерна организација и османлиската војска кај селото Д’мбени, Костурско, непосредно пред Илинденското востание.

Битката

Битката траела од 31 мај до 13 јуни 1903 година, а повод за започување на битката е османлискиот напад на селото Смрдеш кој се случил на 8-9 мај при што изгореле 250 куќи, од вкупно 300, 85 души биле убиени, а 50 ранети. Затоа војводите Пандо Кљашев и Васил Чакаларов на 31 мај ги нападнале турските сили. Најжестоките борби се воделе на врвовите Локвата и Вињари.Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. Ноќта комитите се повлекле оставјќи зад себе 14 мртви, а некој од нив се самоубиле за да не бидат заробени. Османлиите имале околу 100 загинати.

Лазар Поп-Трајков оваа велика битка ја овековечува во неговата песна „Локвата и Вињари“.

Наводи

Надворешни врски „Легендарната борба кај Локвата и Вињари“ „Поема на Лазар Поп Трајков - Локвата и Вињари“

Категорија:Битки на Македонската револуционерна организација