Морски краставици () — класа на иглокожи со колбасичеста форма на телото и без краци, без јасно воочливи амбулакрални површини и најчесто без надворешна мадрепорна плоча кај возрасните форми. Амбулакралните бразди се покриени. Некои од амбулакралните ноџиња се изменети во пипала во пределот на устата, а некои (или сите) се снабдени со пијавки. Мускулестиот телесен ѕид содржи многу мали спикули, но отсуствуваат игли и педицеларии.
Надворешни врски
Alexander M. Kerr: Holothuroidea, The Tree of Life Web Project Seewalzen im Meerwasser-Lexikon
Категорија:Иглокожи