300px|мини|Dropbox апликација на паметен телефон Дропбокс () e мрежна услуга за управување со содржини, направен од страна на Dropbox, Inc. Оваа компанија го користи принципот на обработка во облак за да им овозможи на корисниците преку интернет да чуваат и разменуваат податотеки и директориуми со други луѓе со користење на синхронизација на податотеки. Основана е во 2007 година од страна на двајца дипломирани студенти од МИТ, Дру Хјустон и Араш Фирдоуси, со помош на Y Combinator.
Услугата дава можност за бесплатна опција и опција за плаќање за различни потреби на корисниците. Услугата може да се инсталира на повеќе подлоги преку клиенти кои се адаптирани за неколку оперативни системи и мобилни уреди како и веб-заснованиот клиент кој функционира преку било кој прелистувач. Услугата користи Freemium финансиски модел и за своите бесплатни услуги обезбедува 2GB онлајн простор. Главната конкуренција на овој услуга се Box.net (Бокс.нет), Sugarsync (Шугарсинк), Mozy (Мози) и ZumoDrive (ЗумоДрајв).
Историја
Дру Хјустон добил инспирација за Dropbox поради неговите фрустрации кога ја заборавал УСБ флеш меморијата и поради тоа што моменталните услугаи се соочувале со проблеми при справување со големи податотеки, со грешки, или поради латентноста на Интернет мрежата. Тој почнал да прави нешто негово, но открива дека може да им помогне на многу луѓе со својот изум. Хјустон ја основал компанијата Dropbox Inc. во 2007 година и кратко потоа се осигурал со почетно финансирање од Y Combinator. Така Dropbox официјално е пуштен во 2008 година на годишната конференција за технологии TechCrunch50.
Поради несогласувања околу заштитниот знак помеѓу компаниите Evenflow (матичната компанија) и Proxy, Inc., официјалното име за домејнот на Dropbox било “getdropbox.com” до октомври 2009, кога тие успеале да си го земат својот моментален домен “dropbox.com” од дотогашниот сопственик на доменот. Во 2009 година Dropbox го назначил Адам Грос, за Сениор Заменик Претседател на Маркетинг и Продажба.
Седиштето е сместено во Сан Франциско и основано е од Sequola Capital, Accel Partners и Amidzad. Овој услуга моментално брои над 4 милиони корисници. Во септември 2009 година, Dropbox пушти во работа специјални клиенти за iPhone и iPod Touch. Во мај 2010 тие пуштија официјални клиенти за iPad и Android телефоните, а се најавува и клиент за Blackberry.
Можеме да кажеме дека овој услуга исто така ни нуди клиент за подвижен Windows кој директно ги синхронизира податотеките со флеш мемориски стик.
Во мај 2010, Dropbox пушти нова одлика за мобилна обработка во облак наречена „Anywhere“ што им дозволува на корисниците хомогено да пристапуваат и да менуваат податотеки преку бројни популарни мобилни уреди како iPad, Blackberry, Android итн. Исто така, пуштен е основниот клиент за Windows и се вика „Dropboxx“.
Функционалност
Клиентот Dropbox овозможува корисниците да можат да го стават било кој податотека во назначениот директориум кој потоа се синхронизира со облакот и со било кој од компјутерите и уредите на корисникот. Корисниците исто така можат да качуваат податотеки преку прелистувач. Преку ова искористување, услугата се смета за алтернатива на носење физички УСБ фреш меморија и други форми на пренос како ФТП и додатоци во е-пошта.
Додека Dropbox функционира како услуга за чување, фокусот е на синхронизација и делење. Поддржува ревизија на историја, така што избришаните податотеки од дадениот директориум можат да се вратат од било кој од синхронизираните компјутери. Верзијата за контрола на Dropbox исто така им помага на корисниците да ја запознаат историјата на податотекаот на кој моментално работат, овозможувајќи повеќе од една личност да го менува и препраќа без компликации со губење на претходната верзија. Верзираната историја е лимитирана на 30 дена. Има опција која се плаќа и дава да се чува неограничена историја и се нарекува “Pack-Rat”.
Верзираната историја е споена со користење на технологијата за делта енкодирање. За да се зачува на ширината на опсег и време, ако податотекаот во директориумот на корисничкиот Dropbox се промени, услугата тогаш го качува само делот од податотекаот кој се променил. Иако десктоп клиентот нема ограничувања на поединечната големина на податотекаот, податотеките качени преку мрежно место се лимитирани на максимум од 300 MB по податотека. За да се спречат бесплатните корисници од создавање на многу слободни сметки, Dropbox ја вклучува и содржината на делливи директориуми кога го собира искористениот простор во рамките на една сметка.
Овој услуга користи систем за зачувување S3 на Amazon и SoftLayer Технологии за неговата позадинска структура, иако Хјустон објавил дека Dropbox може да се префрли на различен услужник за чување во иднина. Исто така, се користи SSL при трансфер за синхронизација и ги зачувува податоците преку AES-256 енкрипција.
Моќните корисници развиваат бројни иновативни корисници за мешање на технологиите со што се проширува функционалноста на Dropbox. Тука се вклучени праќања на податотеки до Dropbox преку Gmail, користење на Dropbox за синхронизација на логови од разговори со инстант пораки (IM), управување на лозинки, лансирање на далечински апликации и системски мониторинг како и бесплатен услуга за вдомување. Името на Dropbox директориумот може да се промени со Python скрипта во PyDropboxPath.
Авторски права
Dropbox се сложува да се покори на актот за авторски права DMCA и со тоа да ги спречи корисниците од качување на заштитена содржина на нивните опслужувачи. Dropbox си го зачувува правото да избрише или тргне некој податотека од сметките на корисниците доколку не е во согласност со овој акт. Услугата исто така ги одвраќа своите корисници од качување пронографски, расистички и погрдни содржини. Dropbox also dissuades its users from uploading pornographic, racist, and defamatory content.
Прием на услугата
Dropbox бил фален од повеќе публикации вклучувајќи ги The New York Times, PC Magazine и Washington Post за неговиот едноставен дизајн и леснотија во користењето. Исто така, има добиено повеќе награди и бил номиниран од многу мрежни места за најдобра интернет апликација. Dropbox е критикуван за тоа што не поддржува приватна енкриција на клучот со тоа што не се овозможува синхронизација на податотеки кои се во употреба или се заклучени, што е рестриктиран на еден директориум и за автоматското логирање.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Обработка во облак Категорија:Програмска опрема за Mac OS X Категорија:Програмска опрема за Windows Категорија:Програмска опрема за Линукс