Марко Христов или познат како МирчеПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 91(1879, Сопотница - 30 јули 1942, Сопотница) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание.
Животопис мини|лево|400п|Четата на Војводата Христов.
Марко Христов Марков е роден во 1879 година во демирхисарското село Сопотница, тогаш во Отоманското Царство. Во 1902 година, тој се приклучил во четите на Веле Марков и Ѓурчин Наумов.
Во Илинденското востание, тој со својата селска чета учествувал во одбрана на Крушевската Република.
Има неколку борби, кај месноста Кале, Бушева Чешма и други. Во 1905 година, тој бил четник во четата на Никола Карев и учествувал во борбата кај кратовското село Рајчани. Марко Христов починал на 30 јули 1942 година во родното село Сопотница, тогаш во рамките на Царството Бугарија.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 179
Извори
Поврзано Македонска револуционерна организација
Категорија:Македонски војводи Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија) Категорија:Отомански Македонци Категорија:Отомански дисиденти