Весли Бенjамин Снејдер (, , познат и под други грешни имиња; роден на во Утрехт) — холандски фудбалер кој игра за францускиот прволигаш Ница во средниот ред и за репрезентација на Холандија.
Игра на позицији играч за врска во средниот ред и важи за еден од најперспективните играчи на оваа позиција. Важи за играч со прецизен и јак удар, иако е мал по раст (170 -{cm}-, 67 -{kg}-).
Во Август 2007 година гигантот Реал Мадрид го купил за 27 милиони евра. Во првите три настапи за Реал Мадрид постигнал четири гола и стекнал стално место во првата постава. На 27ми август 2009 година го откупил Интер за 15 милиони евра. Во клубот го добил дресот со број 10.
Настапил за репрезентацијата на Холандија на Европското првенство 2004 и 2008 година и на Светското првенство 2006 година. Повторно е изабран како дел од холандската репрезентација за ФИФА Светско првенство во фудбал 2010 и ФИФА Светско првенство во фудбал 2014 година.
Со Ајакс го освоил првенството на Холандија во сезоната 2003/04 и купот во сезоните 2005/06, 2006/07. Со Реал го освоил првенството и суперкупот на Шпанија во сезоната 2007/08. Со Интер го освојува првенството и купот на Италија 2009/10, како и Лигата на шампионите истата сезона.
Трофеи Ајакс Првенство на Холандија (1) : 2003/04. Куп на Холандија (2) : 2005/06, 2006/07. Суперкуп на Холандија (3) : 2002, 2005, 2006. Реал Мадрид Ла Лига Шпанија (1) : 2007/08. Суперкуп на Шпанија (1) : 2008. Интер Првенство на Италија (1) : 2009/10. Куп на Италија (2) : 2009/10. и 2010/11. Суперкуп на Италија (1) : 2010. Лига на шампиони (1) : 2009/10. Светско првенство за клубови (1) : Светско клупско првенство во фудбал 2010 УЕФА суперкуп : финале 2010. Галатасарај Првенство на Турција (2) : 2012/13, 2014/15. Куп на Турција (3) : 2013/14, 2014/15, 2015/16. Суперкуп на Турција (3) : 2013, 2015, 2016.
Поврзано Фудбалска репрезентација на Холандија Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Официјален профил за 2009/10 на Интер Милано Профил на ESPN Soccernet
Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери во Серија А