За љубовта и другите демони () е роман на колумбискиот автор Габриел Гарсија Маркес, објавен во 1994 година.

Во прологот, Маркес тврди дека романот е фиктивно претставување на легенда што авторот ја слушнал од неговата баба како дете; легенда за 12-годишна девојка која добива беснило, но за која се верува дека е чудотворец, со долга коса која продолжува да расте и после смртта. Како инспирација на Маркес му послужило ископувањето на некоја стара гробница, при што била најдена девојка со долга црвена коса. Маријана Соланет, од друга страна, во книгата „Гарсија Маркес за почетници“ вели дека Маркес го измислил овој извор. Таа укажува на приказна во „Историја на Картагена“ на Даниел Лематр, која Маркес ја прочитал додека истражувал за романот Љубов во време на колера.

Книгата добила претежно позитивни критики, вклучително и од The New York Times и Kirkus Reviews. Таа има два македонски преводи; првиот издаден во 1996 од Детска радост, и вториот во 2009 од Ѓурѓа.

Наводи

Белешки Соланет, Маријана. Гарсија Маркес за почетници. Њујорк: Writers and Readers, 2001.

Категорија:Романи од 1994 Категорија:Романи од Габриел Гарсија Маркес