За други значења на поимот Козјак видете на појаснителната страница Козјак е акумулациона хидроцентрала на долниот тек на реката Треска, југозападно од Скопје, односно на езерото Козјак. Браната и хидроцентралата „Козјак“ се наоѓаат на реката Треска, на приближно 25 километри од нејзиното влевање во Вардар, на 16 километри од браната „Матка“ и на 45 километри од Скопје. Браната Козјак е најголема и највисока брана во државата, со висина од 130 метри распон.„ХЕЦ Козјак – производство на електрична енергија и намалување на штетите од поплави“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 26-27.
Изградба Уште со среднорочниот план за развој на СР Македонија и со програмата за изградба на електроенергетски објекти 1983-1990, ХЕЦ „Козјак“ бил утврден како еден од приоритетните објекти. Претходно, во 1969 година, фирмата „Норконсулт“ од Норвешка изработила студија за регулација и контрола на реката Вардар во која била предвидена изградба на браната „Козјак“. Истражувањата на теренот за ХЕЦ „Козјак“ се извршени во неколку фази, од 1965 до 1979 година, а потоа од 1981 до 1986 година. Притоа било предвидено да се гради камено-насипна брана со глинено јадро. Врз основа на теренските и лабораториските истражувања спроведени од неколку институции (Геолошки завод – Скопје, Градежен институт „Македонија“, Електротехничкиот факултет – Скопје, Машинскиот факултет - Скопје итн.), „ЕМО“ – Охрид изработил главен проект за сите објекти на централата. На 27 февруари 1990 година, во „Енергопроект“ од Белград била извршена ревизија на целата документација за ХЕЦ „Козјак“ и било заклучено дека може да се отпочне со градба. Камен-темелникот бил фрлен на 31 август 1994 година од страна на тогашниот претседател Киро Глигоров, а првото полнење на акумулацијата се извршило во декември 2003 година. Изградбата на централата била во партнерство на ЕЛЕМ и кинеската CWE (China international water and electric corporation).
Технички податоци Централата располага со два агрегати со францис турбини, со вкупна установена моќност од 80 MW. Првиот агрегат бил пуштен во погон на 7 јули 2004 година, а вториот на 30 септември 2004 година. Проектираното просечно годишно производство е 150 GWh. Предвидено е акумулацијата да се користи за повеќе намени. Главната улога на оваа ХЦ е да учествува во покривањето на врвовите од дневните дијаграми на оптоварувањето на електро-енергетскиот систем.
Поврзано Козјак (езеро) Козјак (брана)
Наводи
Козјак