thumb|250п|right|Деформација на череп кај Инките.

Вештачката деформација на черепот е секаков вид облик на намерна деформација на човеков череп. Ова се прави како неправилен развој на човековиот череп преку употреба на сила. Најчесто овој вид на намерна деформација се извршувала на деца, но имало и случаи кога се вршеле вакви зафати и на возрасни лица.

Историја

Рани примери за намерна деформација на черепот датираат од пред 45.000 години пронајдени во Шанидарската пештера во Ирак. Оваа практика не била широко распространета низ светот, но сепак може да се забележат преку археолошките истражувања поедини примери. Најраниот запис за намерна деформација на череп датира од 400 п.н.е.Gerszten and Gerszten, 1995.

Методологија

Самата деформација се вршела уште од раните денови на новороденчето, веднаш после неговото раѓање па сè додека не се добиела саканата форма.Dingwall, 1931; Trinkaus, 1982; Anton and Weinstein, 1999 Најчесто околу черепот на детето се врзувале дрвени плочи кои помагале черепот да се развие во нестандардна форма.

Видови деформации thumb|250п|right|Черепи деформирани за естетски причини кои датираат од 260 до 300 година.

Денес не постои класификациски систем за черепната деформација. Голем број научници развиле свои посебни класификации за овој вид модификација, но ниту еден не се согласува за формите кои се добивале.Hoshower et al., 1995

Како и да е, според Е.В. Жиров во Европа и Азија можат да се забележат три видови черепни деформации: округла деформација фронто-окситална дефромација сагитална деформација

Причини

Причините за извршување на вештачка деформација на череп се различни. Најчесто помеѓу научниците и истражувачите се користи хипотезата дека ваков вид черепна модификација се користела за да се одреди кој на која етничка заедница припаѓа.Gerszten and Gerszten, 1995; Hoshower et al., 1995; Tubbs, Salter, and Oaks, 2006

Наводи

Надворешни врски Кратка дискусија за черепната деформација Слики на Кучаши Математичка анализа на вештачката деформација на череп

Категорија:Телесни деформации Категорија:Обреди Категорија:Култура на Инките