мини|Чарлс Бебиџ во 1860 година Чарлс Бебиџ (роден 26 декември 1791 година во Лондон) бил англиски математичар, аналитички филозоф, машински инженер, научник, творец на првите машини кои би можеле да се програмираат и професор по математика на Кембриџ. Влијанието на неговото размислување играло голема улога во подоцнежниот развој на науката па некогаш го нарекуваат и „татко“ на компјутерите. Делови од неговите нецелосни машини се наоѓаат во музејот во Лондон. Во 1991 според неговиот дизајн е реконструиран диференцијален мотор. Девет години подоцна, откако е направен реконструиран „дизајн Бебиџ“ откриена е сложеноста на неговите машини за тоа време.
Тој имал широк спектар на интереси покрај неговата работа со компјутери, опфатени во неговата книга „Економија на производството и машините“ од 1832 година. Бебиџ бил важна фигура на општествената сцена во Лондон и му се припишува увозот на „научната вечера“ од Франција со неговите добро посетени вечери во сабота. Неговата разновидна работа во други области го навела да биде опишан како „препознатлив“ меѓу многуте полимати од неговиот век.
Образование
Татковото богатство му овозможило пристап до неколку училишта како и помош од неколку приватни професори во текот на неговото основно образование. Во осмата година родителите го пратиле во селско училиште во Алпингтон, близу Ексетер за да се опорави од смртоносната грозница. Неговите родители наредиле неговиот мозок да не се оптоварува а Бебиџ осетил дека тоа прекрасно уживање може да доведе до незрели заклучоци. Потоа многу кратко учел во училиштето „Крал Едвард VI” во Тотену, јужен Девон но лошето здравје го натерало некое време да има приватни професори. Потоа запишал академија во Холмвуд Академија во улицата Бејкер во Енфилд. Оваа академија имала добро опремена библиотека која на Бебиџ му овозможува љубов кон математиката. Кога ја напуштил академијата и понатаму продолжиле да му помагаат двајца приватни професори еден од Кембриџ и еден од Оксфорд.
Во октомври 1810 година бил примен на Кембриџ, Тринити Колеџ. Интензивно го читал Лајбниц, Лагранж, Симпсон, Лакроу а бил многу разочаран во математичките упатствија кои биле достапни на Кембриџ. Како одговор на тоа во 1812 година заедно со Џон Хершел, Џорџ Пикок и уште неколку његови пријатели го формираале Аналитичкото друштво.
Во 1812 преминал во Питерхаус, Кембриџ. Таму бил најдобар математичар но не успеал да дипломира со пофалница. Наместо тоа 1814 добива почесна диплома.
Диференцијална машина Бебиџ започнал во 1822 година со она што го нарекол „машина за разлики“, направена за пресметување вредности на полиномни функции. Создадена е за автоматско пресметување на низа вредности. Со користење на методот на конечни разлики, било можно да се избегне потребата од множење и делење.
За прототип на машина за разлики, Бебиџ го ангажирал Џозеф Клемент за да го имплементира дизајнот во 1823 година. Клемент работел според високи стандарди, но неговите машински алати биле особено сложени. Според стандардните услови на работење во тоа време, тој можел да наплаќа за нивната изградба, а исто така и да ги поседува. Тој и Бебиџ се скарале околу трошоците околу 1831 година.
Некои делови од прототипот се зачувани во Музејот на историјата на науката во Оксфорд. Овој прототип еволуирал во „машина за први разлики“. Останал недовршен, а завршениот дел се наоѓа во Музејот на науката во Лондон. Овој прв диференцијален мотор би бил составен од околу 25.000 делови, би тежел 13.600 кг и би бил висок 2,4 м. Иако Бебиџ добил доволно средства за проектот, тој никогаш не бил завршен. Подоцна (1847–1849) изработил детални цртежи за подобрена верзија, „Диференцијален мотор бр. 2“, но не добил финансирање од британската влада. Неговиот дизајн конечно бил конструиран во 1989–1991 година, користејќи ги неговите планови и производствените толеранции од 19 век. Својата прва пресметка ја извршил во Музејот на науката во Лондон, враќајќи ги резултатите на 31 цифра.
Девет години подоцна, во 2000 година, Музејот на науката го завршил печатачот што Бебиџ го дизајнирал за диференцијалниот мотор. Неговите печатачи биле првите компјутерски печатачи измислени.
Завршени модели Музејот на науката конструирал два диференцијални мотори според плановите на Бебиџ за диференцијалниот мотор бр. 2. Едниот е во сопственост на музејот. Другиот, во сопственост на технолошкиот мултимилионер Натан Мирволд, беше изложен во Музејот за историја на компјутерите во Маунтин Вју, Калифорнија, на 10 мај 2008 година. Двата модели што се конструирани не се реплики.
Наводи
Категорија:Британски пронаоѓачи Категорија:Англиски математичари Категорија:Британски инженери Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Носители на Златниот медал од Кралското астрономско друштво Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Членови на Кралското друштво на Единбург Категорија:Членови на Унгарската академија на науките Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Баварската академија на науките Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките Категорија:Членови на Торинската академија на науките Категорија:Родени во 1791 година Категорија:Починати во 1871 година