Дивата мачка е силно животно со тркалезна глава.
Особености Има кратка муцка и кратки уши. Меѓу острите заби се издвојуваат острите долги песјаци. Телото е покрено со густо сиво-кафеаво крзно со напречни темни шарки. На кратката дебела опашка има црни прстени и црн врв. На предните нозе има пет прста, а на задните четири, што се одоздола секогаш црни. На прстите има канџи кои може да ги вовлекува. Градите и стомакот имаат побледа еднолична боја. Мажјакот е поголем и израснува до 90 cm во должина, од што опашката зафаќа околу 37 cm, а е тежок до 15 кг. Живее во шуми со шумски чистини. Активна е и ноќе. Лови приквечер или в зори. Внимателна е, добро трча и се качува по дрвја. Лови жив плен - зајаци, птици, глувци. При крајот на пролетта окотува до 4 младенчиња во засолниште меѓу камења или во шупливо стебло, ретко во грмушки.
Распостранетост Освен во северна, распостранета е речиси во цела Европа. Таа е загрозен вид, зашто се лови заради ценетото крзно.Животинско Царство
Дивата мачка како тема во уметноста „Дивиот мачор и петелот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 55-56.
Наводи
Категорија:Цицачи Категорија:Мачки Категорија:Цицачи во Африка Категорија:Цицачи во Азија Категорија:Цицачи во Европа