Камиказе (јапонски:神風, буквален превод: „божествен ветер“) Токубетсу Коогекитаи (Tokubetsu Kougekitai (特別攻撃隊)) Токоо Таи (Tokkō Tai (特攻隊)) Токо (Tokkō (特攻)) — самоубиствени единици на специјалните воениж пилоти на Јапонското Царство против бродовите на Сојузниците во завршните фази на Тихоокеанското боиште во Втората светска војна, осмислени да уништат што повеќе воени бродови.Околу 3.800 пилоти камикази загинале за време на војната во напади во кои загинале повеќе од 7.000 припадници на сојузничката морнарица, потонале неколку десетици воени бродови и оштетиле многу повеќе.
Камиказе пилотите намерно се обидувале да удрат со нивниот авион во бродовите на непријателот — тоа биле авиони натоварени со експлозиви, бомби, торпеда и полни резервоари со гориво. Нормалните функции на авионот (да испушта торпеда и бомби или да пука кон други авиони) биле занемарени и авионите биле всушност претворени во мисили управувани од луѓе во обид да се искористи мошне зголемената прецизнот и екплозивната моќ поголема од таа на нормалните бомби. Целта да се оштетат што е можно повеќе бродови на Сојузниците, особено носачи на авиони, се сметала за доволно критична да ја гарантира двојната жртва на пилоти и авиони.
Овие напади кои започнале во октомври 1944 година, биле проследени со неколку критични воени порази за Јапонците. Јапонија веќе ја имала изгубено возхопловната доминантност како резултат на застарените авиони и загубата на искусни пилоти. На макроекономска скала, Јапонија искусила намалена способност да води војна, и брзо опаѓање на индустрискиот капацитет поврзан со САД. Јапонската влада била неодлучна да се предаде. Во комбинација, овие фактори довеле до употребата на камиказе тактики како што силите на Сојузниците се приближувале кон јапонските острови.
Додека терминот „камиказе“ обично се однесува на воздушните напади, терминот понекогаш се употебува за разни други интернационални самоубиствени напади. Јапонската армија правела планови за Специјалните јапонски единици за напад (или шумбутаи), вклучувајќи и такви кои инволвирале подморници, човеки торпеда, моторни чамци и нуркачи.
Иако камиказе бил најчестиот и најпознатиот самоубиствен напад за време на Втората светска војна, тие биле слични на банзаи нападите вршени од јапонските војници. Главната разлика меѓу камиказе и банзаи е тоа што самоубиството е неопходно за успехот на камиказе нападот, додека пак банзаи е само потенцијално самоубиствен — т.е. напаѓачите се надеваат да преживеат, но не го очекуваат тоа. Западните извори често погрешно ја сметаат Операцијата Тен-Гоу како камиказе операција, затоа што се случила за време на Битката на Окинава заедно со масивните бранови на камиказе авионите; сепак, банзаи е поточниот термин, затоа што целта на мисијата била воениот брод Јамато да се закотви и да обезбеди поддршка на бранителите на островот, спроти судирање и детонирање меѓу морепловните сили на непријатлот.
Традицијата на самоубиство наместо пораз, заробеништво и јавен срам била длабоко вкоренета во јапонската воена култура. Таа била една од основните традиции на самурајскиот живот и кодот бушидо: лојалност и чест сè до смртта.David Powers, "Japan: No Surrender in World War Two"John W. Dower, War Without Mercy: Race & Power in the Pacific War pp. 1, 216 Haruko Taya Cook and Theodore F. Cook, Japan at War: An Oral History p. 264 Meirion and Susie Harries, Soldiers of the Sun: The Rise and Fall of the Imperial Japanese Army p. 413
Дефиниција и етимологија
Јапонскиот збор камиказе обично се преведува како „божји ветер“ (ками е зборот за „бог“, „дух“ или „божество“, и казе за „ветер“). Зборот камиказе потекнува од името на големите тајфуни во 1274 г. и 1281 г., што ги распрскале монголските флоти кои сакале да нападнат.
Јапонскиот моноплан кој направил рекорден лет од Токио до Лондон во 1937 година за групата весници Асахи бил именуван како Камиказе. Тоа било прототип за Mitsubishi Ki-15 .
На јапонски, формалниот термин кој се користи за единици кои извршувале самоубиствени напади за време на 1944-45 г. е токубетсу коогеки таи (特別攻撃隊), што буквално значи „специјална единица за напад“. Ова обично се крати на токоотаи (特攻隊). Попрецизно, воздушните самоубиствени напади од Империската јапонска морнарица официјално биле нарекувани шимпуу токубетсу коогеки таи (神風特別攻撃隊, „спецјални единици за напад божествен ветер“). Шимпу е он-читањето (онјому или кинески изговор) на истите карактери коишто го сочинат зборот камиказе на јапонски. За време на Втората светска војна, изговорот камиказе се користел во Јапонија само неформално поврзано со самоубиствените напади, но после војната било прифатено ова користење низ целиот свет и повторно влегло во Јапонија. Како резултат на ова, специјалните напаѓачки единици се понекогаш познати во Јапонија како камиказе токубетсу коогеки таи.
Од крајот на војната, терминот камиказе понекогаш се употребува како pars pro toto за други видови напади каде напаѓачот намерно се жртвува. Тука се вклучени мноштво самоубиствени напади, во други историски контексти, како што е предложената употеба на авионите Selbstopfer во Нацистичка Германија и многу други самоубиствени бомбашки напади од страна на терористички напади низ целиот свет (како што се нападите од 11 септември 2001 г.), иако камиказе пилотите напаѓаат само воени цели, додека пак терористите напаѓаат претежно цивилни установи. На англиски, зборот камиказе исто така може да се користи како хипербола и метафора кога се мисли на нефатални акции кои резултираат со значителна загуба за напаѓачот, како што е повреда и крајот на кариерата.
Историја Потекло
Пред формирањето на камказе единици, осмислени падови биле користени во краен случај кога авионот на пилотот бил мошне оштетен и тој не сакал да ризикува да биде фатен; ова било случај и со jапонските сили и со силите на Сојузниците. Според Аксел и Касе, овие самоубиства „биле поединечни, импровизирани одлуки од луѓе кои биле психички подготвени да умрат."Axell, pp. 34, 40–41
Во повеќето случаи, постојат малку докази дека овие удари не биле случајни судири, од оној вид кој понекогаш се случува во интензивни воздушни битки среде море. Еден ваков пример се случил на 7 декември 1941 година за време на нападот на Перл Харбор. Авионот на првиот поручник Фусата ида бил погоден и почнал да му истекува гориво, кога тој наводно го искористил тоа за да изврши самоубиствен напад на поморската авионска станица Канеохе. Пред да полета, тој им кажал на своите војници дека доколку неговиот авион е лошо оштетен тој ќе удри во „важна непријателска цел“.Axell, p. 44.
Битките на носачите во 1942 година особено онаа кај Мидвеј, нанеле непоправлива штета на Царската јапонска поморска и воздухопловна служба, таква што тие веќе не можеле да состават или да здружат голем број на носачи со добро истренирани пилотиU.S. Naval War College Analysis, p. 1; Parshall and Tully, Shattered Sword, pp. 416–430.. Јапонските стратешки планери претпоставиле дека војната ќе биде кратка и биле лошо подготвени да ги заменат загубите на бродови, пилоти и морнари; на Мидвеј, Јапонците загубиле толку пилоти во еден ден, колку што загубиле во една година за време на предвоената обука. За време на поморската битка кај Гвадалканал, американскиот предводник, Сан Франциско, бил тешко оштетен за време на јапонско бомбардирање кога голем јапонски бомбардер со два мотори со средна големина „Mitsubishi G4M“ „Betty“, кој бил во пламен од противвоздушен оган, најверојатно намерно се урнал во неговата резервна поврзувачка кула, уништувајќи ја речиси целата резервна командна опрема за предводникот. Повеќето офицери и мажи стационирани таму, вклучително и извршниот офицер, биле убиени или ранети. Овој де факто удар на камиказе во голема мера го променил текот на она што требало да се случи за време на злогласната битка „Петок 13-ти“ 12 часа подоцна..
Следните кампањи на Соломонските Острови и Санта Круз, особено Битките за источните Соломони и Санта Круз и натаму резултирале со жртви на нивните пилоти-ветерани и заменувањето на нивното борбено искуство се покажало невозможноPeattie, Sunburst, pp. 176–86; Eric Bergerud, Fire in the Sky, p. 668.. За време на 1943-1944, силите на САД приближувале постепено кон Јапонија. Ловците авиони на Јапонија станувале помалкупројни и од пониска класа за разлика од новите авиони произведени во САД, особено F6F Hellcat и F4U Corsair. Тропските болести, како и недостатокот од резервни делови и гориво, ги направило операцииите на ЈИМВС сè потешки и потешки. До битката на Филипинското Море во 1944 година Јапонците морале да се снаоѓаат со застарени авиони и неискусни пилоти, против подобро обучените и поискусни морнарички пилоти на САД и нивните радарско насочени борбени воздушни патроли. Јапонците изгубиле преку 400 авиони и пилоти сместени на носачи, со што делотворно се ставило крај на моќта на нивните носачи, акција која Сојузниците ја нарекувале „Големиот Маријански лов на мисирки“ (Great Marianas Turkey Shoot).
На 19 јуни 1944 година носачот Чијода се приближил до борбената единица на САД. Според некои прикази, два извршиле самоубиствени напади, еден од кои удрил УСС Индијана.Fighting Elites: Kamikaze: 9, 12
Важната јапонска база во Сајпан била освоена од силите на Сојузниците на 15 јули 1944 година. Нејзиното освојување обезбедило адекватни понатамошни бази кои им овозможиле на воздушните сили на САД, кои користеле B-29 Superfortress, да ги нападнат јапонските острови. После падот на Сајпан, јапонската врховна команда предвидела дека Сојузниците ќе се обидат да ги освојат Филипините, кои биле стратешки важни поради нивната местоположба меѓу нафтоносните полиња на Јужноисточна Азија и Јапонија.
Почетоци Во август 1944 година, било објавено од агенцијата за известување Домеи, дека некој инструктор по летање по име Такео Тагата обучувал пилоти во Тајван за самоубиствени мисии.Axell, pp. 40–41
Друг извор тврдел дека првите камиказе мисии се случиле на 13 септември 1944 година. Група пилоти од 31-ва Борбена ескадрила на армијата на островот Негрос одлучила да тргне во самоубиствен напад наредното утро. Биле избрани првиот поручник Такеши Косаи и еден водник. Две бомби од 100 килограми биле прикачени на двата ловци и пилотите тргнале пред зори, планирајќи да се урнат во носачите. Тие никогаш не се вратиле, но не постојат податоци за непријателски авион којшто погодил брод на Сојузниците тој ден.John Toland, The Rising Sun: The Decline and Fall of the Japanese Empire 1936–1945 p. 568
Според некои извори, на 14 октомври 1944 година, УСС Рено бил погоден од намерно урнат јапонски авион. Меѓутоа, нема докази дека напаѓачот планирал да се урне.ww2pacific.com, 2004, "World War II in the Pacific: Japanese Suicide Attacks at Sea" . Accessed 1 August 2007.
Вицеадмиралот Масафуми Арима, командантот на 26-та Воздушна флотила (дел од 11-та Воздушна флота), понекогаш се смета како заслужен за измислување на камиказе тактиката. Арима лично преводел напад на околу сто Јокосука D4Y Суисе ("Џуди") авиони за ниско бомбардирање против голем носач на авиони од класата Есекс, УСС Френклин блуску до Лејтскиот Залив, на или околу (продатоците варираат) 15. Окотомври 1944 г. Арима погинал и дел од авионот удрил во Френклин. Јапонската врховна команда и пропагандистите го искористиле примерот на Арима: тој бил посмртно унапреден во адмирал и му била дадена официјална заслуга за извршување на првиот камиказе напад. Меѓутоа, не е познато дали се работи за планиран самоуиствен напад, а официјалните јапонски извештаи за нападот на Арима имаат малку сличност со вистинските настани.