Населба Боримечка се простира во таканареченото Градско Поле во источниот дел на градот Битола веднаш под Железничката станица. Во неа спаѓаат улиците:
Бистра Боримечка Индустриска Прогрес Солунска
Боримечка има околу 400 куќи во кои живеат преку 2.000 луѓе. Се работи за една од најиндустриските населби во градот. Исто така, тука се наоѓа и црквата „Св. Никола“.
Категорија:Населби и маала во Битола