Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во светиниколското село Горобинци, Македонија.
Црквата се наоѓа во самото село.
Местоположба
Црквата се наоѓа во самото село и со својата големина преовладува во панорамата на селото.
Историја
Во минатото постоела црква во Горобинци во Долно Маало, но кога дошле во голем број Турците, истата била срушена. По рушењето на црквата, на местото останал само бетонски крст, на кој Македонците се собирале за Спасовден.
На 27 ноември 1944 година е осветен и поставен камен-темелникот на тогаш новата црква „Свети Спас“. Поради немање на финасиски средства црквата била запоставена сè до 1997 година, кога бил поставен камен-темелникот на новата црква на 27 ноември 1997 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан. Целосно била завршена и реосветена во 2008 година од страна на г.г. Стефан.
Архитектура Фрескоживопис
Иконите и фрескоживописот во олтарскиот дел и куполата се дело на зографот Драган Ристески од Охрид.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија Горобинци
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Горобинци Горобинци Категорија:Македонската архитектура во 2008 година