Џонатан Ричард Гај Гринвуд (роден на 5 ноември 1971) е БАФТА и Греми-номиниран музичар и композитор, најмногу познат како член на англиската музичката група Radiohead. Гринвуд свири на многу инструменти, но најчесто е водечки гитарист и свирач на клавијатура. Освен на гитара и клавијатура, тој свири и на ксилофон, глокеншпил, хармоника, тапани, виола, бенџо и ондес Мартенот. Тој исто така работи на електронската страна од Radiohead, работејќи со комјутерски-создадена музика и семплирање. Гринвуд ја напиша музиката за филмовите „Бодисонг“ и „Ќе има крв“, а е и во постојана соработка со BBC . Тој е помладиот брат на Колин Гринвуд кој му е колега во Radiohead.

Наводи

Надворешни врски

Radiohead.com: Официјално мрежно место на групата trojan.sanctuaryrecords.com : Врска до страницата „Jonny Greenwood Is the Controller“ (Џони Гринвуд е контролорот) Jonny Greenwood's (Radiohead) guitar rig: Информации за опремата користена од Џони Гринвуд

Категорија:Англиски гитаристи Категорија:Англиски композитори Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на Radiohead Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Добитници на наградата „Ајвор Новело“