Последната обиколка на Гоце Делчев е агитација во Серскиот револуционерен округ за агитација на новата концепција за борба во предилинденскиот период, а при оваа обиколка Гоце Делчев бил убиен во селото Баница.
Новата концепција за борба
мини|130п|лево|Гоце Делчев
На Софиското советувње Гоце Делчев се заложил за кобинирани борбени дејствија, односно партизанско - анархистички акции и тој не го сочекал крајот на советувањето во Софија и веднаш заминал за Серскиот револуционерен округ да демонстрира новата концепција за борба. Тој собрал чета од 40 души СПОМЕНИ НА ИВАНЪ АНАСТАСОВЪ ГЪРЧЕТО, а во неа биле Пејо Јаворов, Димитар Стефанов, Димо Хаџи Димов и други. Најпрво поминале во Банско, а на тамошниот собир Делчев зборувал за:
слободана и независна Македонија со широки правa за сите сиромасиАндонов Х. Полјански, Гоце Делчев во спомените на современиците, Скопје, 1963
Тој истакнал дека борбата треба да се води со терористички акции и четнички дејствија, како подотовка за крајното средство - масовно вооружено востание. Делчев го осудил Горноџумајското востание и го оценил како провокација која претставувала предавство кон македонскиот народ , велејќи дека:
Советувањето во Караќој - Неврокопско
Делчев од Банско тргнал за Неврокоп, на пат разбрал за одлуката на Солунскиот конгрес за востание. Делчев бил опседнаат со претпоставката околу причините кои довеле до таа одлука ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, Пейо Яворов, Първо издание - София, 1904 година. Во селото Караќој - Неврокопско се одржало советување на војводите од Серскиот револуционерен округ. На ова советување биле: Димитар Гуштанов, Атанас Тешовалијата, дедо Илија Крчовалијата, Јане Сандански, Христо Куслев, Михаил Чеков, Пејо Јаворов, Иван Атанасов Грчето и др спомени на Яне Сандански... Ив. Анастасовъ Гърчето... съобщава Л. Милетичъ. На една затворена средба помеѓу Делчев, Јаворов, Гуштанов и Сандански било договорено да се вложат усилби за измени на Солунското решение, алудирајќи на карактерот на дејствата .
Мостот на Драматица
мини|лево|300п|Гоце Делчев со Серската чета
Делчев предноста на својата концепција за востание сакал да ја демонстрира преку преку извршување на атентат . Тој имал на располагање четири товари на распрсувачки материјал . Дел од овој материјал бил искористен за еднонеделна обука на серските чети во пештерата Кепе на Али Ботуш .
Делчев во почетокот сакал да го разнесе мостот на Струма во Демихисарско, но тој бил добро обезбедуван и затоа заминал за Драмско каде на 18/19 март бил разнесен мостот на Драматица (Ангиста), дел од тунелот, била прекината железничката линија и две телеграфски лини . Делчев му пишал на Пејо Јаворов сета акција во весникот Слобода или смрт да ја прикаже како дело на Организацијата, а не како на чета.
Средбата со Даме
По акцијата Лазар Димитров го известио Делчев дека Даме Груев бил амнестиран и дека се наоѓа во Солун. Делчев веднаш заминал на средба со Груев. За Даме Груев прашањето за востанието били завршена работа и дека доцна беше да се расудува, а за средбата со Делчев тој вели:
Делчев пред Лазар Димитров изјавил дека со Груев се разбрале востанието да биде четничко-партизанско, меѓутоа пак Христо Поп Коцев истакнува дека Делчев и Груев за востанието разговарале долго и широко, а Делчев повеќе клонел кон партизанско-терористички акциии. Груев и Делчев исто така се договориле самото востание да се одложи за подоцна и во таа смисла: Груев требало да го анимира Конгресот на Битолскиот, а Делчев на Серскиот револуционерен округ .
Баница
Конгресот на Серскиот револуционерен округ бил закажан по Ѓурѓовден на Али Ботуш . На пат за таму Гоце Делчев поминал во Баница, таму го пречекале Димитар Гуштанов и Георги Бродалијата. На 3 мај во врска со Солунските атентати Делчев изјавил:
Таа ноќ Баница била опколена од аскерот, а следно утро почанал претресот на куќите и започнала битка во која меѓу првите загинал Гоце Делчев.
Извори
Категорија:Гоце Делчев