Свети Атанасиј — главна селска црква во тетовското село Долно Седларце, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото, а во непосредна близина се и селските гробишта.
Историја
Истражувачот Јован Трифуноски навел дека во селото постоел храм посветен на Свети Атанасиј, но истиот бил разрушен. За постоењето на таа црква, во црковниот двор постои еден голем камен крст со тешко читлив запис.
Црквата била возобновена во 1984 година, а била осветена од митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил на 31 јануари 1984 година.
Архитектура
Во дворот на црквата се наоѓаат капела, крст, новоизградена крстилница, како и нов базен за верски обреди во кој првпат бил фрлен крст за време на празникот Водици во 2025 година.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Брвеничка парохија Долно Седларце
Наводи
Надворешни врски
Долно Седларце