Игнацио Абате (роден на ) — италијански фудбалер кој игра на позиција одбрана. Најголем дел од својата кариера ја поминал во ФК Милан. Во својата почетна кариера настапувал како крилен играч. Абате е познат по својата издржливост, брзи спринтови и способност за напад по десната страна од теренот.

Абате започнал да игра фудбал со аматерскиот клуб Рескалдина, пред да се приклучи на младинскиот клуб на Милан во 1999 година. Од 2004 до 2009 година поминал пет години во различни клубови под наем, пред да се врати во Милано. Тој имал важна улога во помагањето на Милан да го освои своето 18-то Скуде за време на сезоната 2010-11.

Абате бил во составот на Италија до 21 година, а има одиграно и 22 натпревари за сениорскиот тим на Италија.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Пјаченца Категорија:Фудбалери на ФК Модена Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на Европско првенство 2012