Трајко Дурчовски — македонски уметник и поет.
Животопис Роден е во 1943 година во с. Црна Река кај Гуменџе, Егејска Македонија. Како дете ја доживува судбината на бегалец: заедно со мајка си, двајцата браќа и двете сестри, во 1948 година пребегал во Војводина, откако неговиот татко загинал како учесник во Граѓанската војна во Грција. Семејството било раздвоено и префрлено во Чехословачка. Детството го минал во детските домови во Димокури, Шилхежовице и Нове Хради. По школувањето се вработил во Тжинец, каде оформил свое семејство. Во Тжинец во 1962 година неговото семејство пак се споило и Трајко започнува да се занимава со уметничко творештво. Негова преокупација се сликите во железо. Во 1974 година преминува во Република Македонија, едно време живее во Дебар, а потоа во Охрид.Мишо Јузмески: „Пофални слова“, Благоевград, 2006
Дурчовски е автор на три стихозбирки, а има учествувано на изложби на кои ги претставува своите ликовни дела од железо.
Книжевно творештво Дружба со ветерот (1998) Мајчина душичка (2003) Железен сон (2008)
Изложби 03. 09. 2003 во Охрид 24. 05. 2003 во Битола 14. 08. 2003 во Охрид 10. 08. 2004 во Охрид 18. 09. 2004 во Елшани 06. 02. 2005 во Охрид 04. 02. 2006 во Охрид 03. 06. 2006 во Штип 04. 02. 2006 во Охрид 25. 10. 2008 во Охрид
Надворешни врски Говор со железото Изложба на Трајко Дурчовски во Охрид Слики од Трајко Дурчовски
Извори
Категорија:Македонски писатели Категорија:Деца бегалци