Денко Малески (Скопје, ) — македонски политички аналитичар, прв министер за надворешни работи на Македонија и редовен професор на Правниот факултет во Скопје.
Малески пишува свој колумни за Глобус магазин, Либертас.мк и Нова ТВ.мк.
Животопис Предава меѓународна политика и право, како и современи политички системи. Во периодот 1990-1991 година. држел настава на редовните и на постдипломските студии на Универзитетот Боулинг Грин, Охајо, САД. Во 1985 година е избран за декан на Интердисциплинарните студии по новинарство. Од 1997 година, е раководител на постдипломските студии по меѓународно право и меѓународна политика на Правниот факултет во Скопје. Од 1991 до 1993 година, бил министер за надовршени работи на Македонија, а од 1993 до 1997 година постојан претставник на Македонија во Обединетите нации.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 35 Малески е женет и има три деца.
Награди 2021 - Награда „13 Ноември“
Наводи
Надворешни врски Кратка биографија
Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1992 Категорија:Министри за надворешни работи на Македонија Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Луѓе со потекло од Струга