Ројтерс () — британска кооперативна информативна агенција. 300px|мини|Поглед кон седиштето на Ројтерс Историја Основана во 1851 година од Паул Јулиус Ројтер, во почетокот се занимавала со комерцијални вести но почнала да им служи на растечкиот број на новинска клиентела откако на Лондонскиот утрински огласник се претплатил како корисник. По одреден период на натпревар, Ројтерс и две сопернички агенции се согласиле да ја поделат територијата и за многу години држеле монопол во светски информативни услуги. Компанијата останала во приватни раце до 1925 година кога нејзината структура почнала да се движи кон кооперативна за британските и австралиските информативни интереси. До крајот на XX век Ројтерс бил светски водач во покривањето на деловниот и финансискиот пазар. Во 1984 година тој станал јавна компанија под името Ројтерс ПЛЦ груп.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 8, стр. 119

Ројтерс во популарната култура „Ројтерс“ (англиски: Reuters) — песна на англиската панк-рок група Wire од 1977 година.Discogs, Wire – Pink Flag (пристапено на 9.10.2021)

Наводи

Категорија:Новинарство Категорија:Компании основани во 1851 Категорија:Новински агенции