Момчило Богданов (, ) — македонски електроинженер, д-р на технички науки, редовен професор, продекан на ЕТФ во Скопје. Раководител на Катедрата за теоретска електротехника и на Институтот за електроника и сметачкиот центар. Работел на Универзитетот во Белград (Србија), Монс (Белгија) и Оран (Алжир). Тој е автор/соавтор на трудови од примената на банки на филтри и бранчиња, а најзначајни му се трудовите од областа на синтезата на активните филтри.„Билтен на Универзитетот Св. Кирил и Методиј & Скопје“, бр. 520, мај 1989
Библиографија
„Дигитално процесирање на сигнали“ (универзитетски учебник, соавтор Софија Богданов), „Теорија на електричните кола I и II“
Наводи
Категорија:Луѓе од Крива Паланка Категорија:Македонски инженери Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски инженери Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на ФЕИТ