Вестминстерскиот мост (англиски: Westminster Bridge) е мост кој се наоѓа во Лондон, на реката Темза, спојувајќи ги Вестминстер и Ламбет.

Денешниот мост бил изграден во 1862 година на местото на друг дрвен мост кој датирал од 1750 година. Вестминстерскиот мост е еден од најстарите мостови во Лондон. Неговата должина изнсува 252 метри, а е широк 25,5 метри.

Во непосредна близина на мостот се наоѓа Вестминстерската палата.

Наводи

Категорија:Мостови во Лондон Категорија:Сообраќајот во Вестминстер Категорија:Ламбет Категорија:Архитектура од 19 век