мини|десно|250п|Фризиски скети (~710–735) Фризиско Кралство () или Голема Фризија () — некогашна држава која се протегала на териториите на денешни Холандија и северна Германија, или поточно на територијата на Фризија. Државата е основана во 600 г. и се распаднала по Битката за Боарн во 734 г. кога државата била поразена и освоена од царството на Франките.
Преселнички период
За време на преселничкиот период, Фризите се населиле на северните и западните делови на денешна Холандија и Германија. (1982), Frieslands Oudheid (pdf-file) , стр. 792. Фризите биле посветени на боречките способности и биле склони кон чести војни, но немале голема моќ. Во втората поливина на 7 век Фризиското Кралство ја достигнала својата најголема моќ и географско проширување. (1994), Romeinen, Friezen en Franken, in het hart van Nederland, page 90.
Војни
Фризите имале доста војни преку кои ја достигнале својата најголема моќ. Војската била предводена од водачот на државата, за кој пак има повеќе различни верзии за неговата титула. Според едни извори водачот на Фризите се нарекувал војвода, а според други крал. Како и да е, денес се зачувани записи само за тројца фризиски кралеви: Алдгисл, Радбод и Попо.
После освојувањето на Франките
После Битката на Боатн во 734 г, Франките ја анексирале територијата на Фризите. Територијата источно од Лауерс била освоена во 785 г, кога Карло Велики го поразил Виндукинд. Територијата на Фризија се сметала за еден вид округ во царството на Франките.Homan 1957, стр. 205. За време на Карло Велики била создадена и книгата Законик на Фризите (Lex Frisionum), кој бил испишан на латински јазик.
Поврзано Фредегар Фризиски јазици Фризија Фризиски Острови Фризи Царство на Франките
Наводи
Забелешка: површината од 50.000 км² во инфокутијата е по Битката за Келн.
Литература Frieslands Oudheid, 2000, ISBN 978-90-5345-167-0 , Geschiedenis van Nederland, Amsterdam, 1995. , Koningen van de Noordzee, 2003. Geschiedenis van Friesland'', 1980.
Категорија:Историја на Фризија Кралство Категорија:Историја на германските народи Категорија:Ниски Земји