Свети Ѓорѓи била поранешна црква во тетовското село Теарце. Денес постојат само остатоци од светиот храм.
Во Теарце сочувано е преданието дека на местото Крс што се наоѓа северно од селото, имало црква посветена на Свети Ѓорѓи и околу неа се наоѓале гробови. Во минатото жените на 8 декември го посетувале разурнатото светилиште и делеле раздавачка за душа на починатите и палеле свеќи на еден камен. Во последниве децении, помладите генерации не го посетуваат ова светилиште.
Наводи
Категорија:Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија Категорија:Теарце