Книга — збир на пишани, печатени, илустрирани или празни страници, изработени од хартија, пергамент или друг вид на материјал, обично прицврстени заедно од едната страна. Секоја страна на лист од книгата се нарекува страница. Книга направена во електронска форма е позната како електронска книга или скратено е-книга. Книгите исто така се однесуваат и на литературни творби. Во библиотеките постои разлика меѓу периодичните часописи, магазини или весници и книгите. Една книга може да се подели во неколку тома или секции, и тогаш секоја од нив се нарекува исто така книга, но содржи и број, на пример прва книга, втора книга, итн. Вљубеникот во читање книги се нарекува библиофил. Местото каде се купуваат и се продаваат книгите се нарекува книжарница, а местото од каде што се позајмуваат книгите се нарекува библиотека.

Во 2010 година Гугл проценил дека постојат околу 130 милиони наслови на книги во светот.

Историја на книгата

Антика

Кога е измислено пишувањето во древните цивилизации, било користено речиси сè што може да служи како подлога за пишување: камен, глинена плоча, кора од дрво и друго. Користење на азбука се појавува во Египет пред околу 5000 години. Во тоа време најчесто се пишувало на папирус, растение кое расте покрај реката Нил. На почеток зборовите биле слеани еден до друг (scriptura continua) и не постоеле интерпункциски знаци. Текстовите се запишувале од десно кон лево, од лево кон десно, а најчесто наизменично.

Свиток

thumb|left|Египетски папирус на кој е прикажан богот Озирис и вагање на срце. Папирусот се користел за пишување во древен Египет, најверојатно уште во текот на првата династија, но првите зачувани докази датираат од времето на петтата династија (околу 2400 п.н.е.). Листовите од папирус биле залепени заедно во форма на свиток. Се користела и кора од липа.Dard Hunter. Papermaking: History and Technique of an Ancient Craft New ed. Dover Publications 1978, p. 12.

Според Херодот (Историја 5:58), Феникијците ги донеле пишувањето и папирусот во Грција околу десеттиот или деветтиот век пред нашата ера. Грчкиот збор за папирусот како за материјал на кој се пишува бил библион (biblion) а за книга библос (biblos), а доаѓал од феникискиот град-пристаниште Библос (Byblos), од каде се извезувал папирусот за Грција.Leila Avrin. Scribes, Script and Books, pp. 144–145. Од грчкиот јазик исто така доаѓа и зборот том (), или на латински јазик томус (Tomus), со значење посебна книга која е дел од целината на повеќе книги.

Свитоците биле често користена форма за книги во хеленската, латинската, кинеската и еврејската култура. За време на Римското Царство е развиен нов формат на составување на книгите, познат како кодекс.

Кодекс

thumb|upright|Жена која држи книга (или восочни табли) во форма на кодекс. Ѕидна слика од Помпеја, пред 79 година. Свитоците од папирус биле користени и во првиот век од нашата ера, за што сведочат пронајдоците од Помпеја. Првата книга направена во облик на кодекс е од крајот на првиот век. Но, кодексот не се здобил со голема популарност во тоа време.The Cambridge History of Early Christian Literature. Edd. Frances Young, Lewis Ayres, Andrew Louth, Ron White. Cambridge University Press 2004, pp. 8–9. Постепено бил прифаќан поради неколку економични причини. Форматот кодекс се восочни таблички на кои можело да се пишува, понекогаш дрвени таблички натопени во восок. Тие биле полесни за носење, за ракување и за криење, но исто така ја имале предноста на бришење на напишаното со тоа што восокот можел да се истопи и повторно од него да се направи восочна табличка за пишување. Ова било значаен фактор за употреба на овој формат во школите како и при водење белешки. thumb|left|upright|Кинеска книга од бамбус

Во 5 век, Исидор од Севиља во својата книга Етимологија (Etymologiae, VI.13) ја објаснува врската меѓу кодекс, книга и свиток: „Кодексот е составен од многу книги, а книга е еден свиток.“

Среден век Ракописи

После падот на Римското Царство во 5 век, станало тешко да се набави папирус, заради намалените контакти со Египет, па така пергаментот станал главен материјал на кој се пишувал. Во тоа време манастирите ја продолжиле традиција на пишување, односно препишување на текстови.Leila Avrin. Scribes, Script and Books, pp. 207–208. Пред појавата на печатарските машини, сите книги биле препишувани рачно, што ги правело книгите да бидат скапи, но и во многу мал тираж. До 9 век, поголемите колекции на книги броеле околу 500 книги, а кон крајот на средниот век библиотеката на папата во Авињон како и библиотеката во Париз на Сорбона содржеле само околу две илјади наслови.Martin D. Joachim. Historical Aspects of Cataloguing and Classification. Haworth Press 2003, p. 452. Местото во манастирите каде се препишувале книгите e наречено скрипториум (scriptorium). Било забрането користење на вештачко осветлување од страв да не се запалат ракописите. Учесниците во препишувањето ја делеле работата на петмина: Калиографи (Calligraphers), кои ја завршувале крајната копија Кописти (Copyists), кои препишувале Коректори (Correctors), кои ја споредувале книгата со ракописот од кој била препишана Илуминатори (Illuminators), кои ги цртале сликите, илустрациите Рубрикатори (Rubricators), кои ги боеле црвените букви

Процесот на правење на книга бил долг и макотрпен. Најпрвин се подготвувал пергаментот, потоа се подготвувале страниците, па се препишувал текстот. Препишувачот оставал празни места за илустрациите и за големите црвени букви со кои започнувале поглавјата. На крајот книгата се поврзувала.Edith Diehl. Bookbinding: Its Background and Technique. Dover Publications 1980, pp. 14–16. Биле користени неколку видови на мастило. Текстот бил пишуван во темнокафеава или црна боја, а се користела црвената и златната боја за украсување на текстот. За илустрациите понекогаш се користеле повеќе бои. Понекогаш пергаментот се обојувал во темновиолетова боја, а текстот бил пишуван со сребрена или златна боја.Bernhard Bischoff. Latin Palaeography, pp. 16–17.

Ирските монаси први започнале со оставање празно место меѓу зборовите во седмиот век, но ова не било прифатено како општа употреба сè до 12 век.Paul Saenger. Space Between Words: The Origins of Silent Reading. Stanford University Press 1997.

Кориците на книгите биле правени од дрво, пресвлечени со кожа. Бидејќи пергаментот има тенденција да се врати во формата која ја имал пред оформувањето во книга, односно страниците се виткале по некое време, на кориците имало игли за стегнување на листовите.

Книги од хартија thumb|Адам и Ева, илустрација од „Книга на претскажувања“ од околу 1550 година. Употребени се живописни бои, мастило и златна боја Арапите го развиле производството на книгите во нивната „златна ера“. Тие биле први кои произвеле книга од хартија, откако го научиле правењето на хартијата од Кинезите во 8 век.Al-Hassani, Woodcock and Saoud, "1001 Inventions, Muslim heritage in Our World", FSTC Publishing, 2006, reprinted 2007, pp.218-219. Книгите кои ги правеле тие, биле сошиени со свила и корица од кожа. Бидејќи хартијата е поотпорна на влага, не биле потребни прицврстувачи. Производството на книги станало вистинска индустрија, а во градовите имало улици со книжарници, како на пример во Маракеш, каде само во една улица имало повеќе од 100 книжарници во 12 век. Познатата џамија Кутубија е наречена така поради нејзината местоположба на оваа улица. Според зборовите на Дон Бејкер:

Исламскиот свет во средниот век исто така развил посебна техника за репродукција на копии од книги во големи тиражи, за разлика од ракописите кои во тоа време се правеле во другите земји, каде рачно се препишувала една книга во една копија. Со тој систем, произведувале десеттици или повеќе копии со едно „читање“, а со две или повеќе „читања“, лесно се доаѓало до бројката од сто копии.

Денешните книги се печатат на хартија која е специјално изработена за производство на печатени книги. По традиција, хартијата е бела за да може лесно да се чита, и е непроѕирна за да не се гледа текстот отпечатен од другата страница. Хартијата е исто така со одредена тежина. Најчесто се користи 80 грамската хартија (80 g/m²), но сепак се користат различни видови на хартија за различни намени на книгата која се печати.

Книгата како тема во уметноста и во популарната култура Книгата како мотив во книжевноста „Книга на мудроста“ - суфиска приказна.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 80. „Книга“ - песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013. „Книгата“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2005 година.Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 16. „Книго моја“ — песна на Христина Аслимоска.Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 8. „Како набавив енциклопедија“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 20-21. „Чуварот на книгите“ — песна на Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. 68-69. „Чинот на книгата“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 13-14. „Книга од песок“ - збирка раскази на Хорхе Луис Борхес од 1975 година.Хорхе Луис Борхес, Книга од песок. Скопје: Бегемот, 2015. „Моите книги“ — песна на Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. 118. „Една книга“ — песна на Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. 131. „Читател“ — песна на Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. 74-75. „Книги за добра ноќ“ - кус расказ на македонскиот писател Климент Булоски (под псевдонимот Дозгулпмус) од 2008 година.Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008. „Летаат книги“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 48. „Љубов“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 11. „Кабаетлија“ — кус расказ на Ѓоко Здравески од 2019 година.Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 24. „Кој ја зел книгата“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 70-72. „Туѓите книги“ - книга на италијанскиот писател Итало Калвино од 1991 година.Лилјана Узуновиќ, „Читателот во земјата на романите или за нишката на Шехерезада“, во: Итало Калвино, Ако една зимска ноќ некој патник. Скопје: Магор, 2012, стр. 227. „Книга на кралевите и будалите“ - (српски: Књига краљева и будала) - расказ на српскиот писател Данило Киш.Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015. „Книга полна неизвесност“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 44-45. „Книга на смеата и заборавот“ — роман на чешкиот писател Милан Кундера од 1979 година. „Човекот со книгата“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 49-50.</ref> „Децата што читаа во училишниот двор“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.<ref>Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 63-64. „Неконвенционална промоција на книга“ — расказ на македонскиот писател Стефан Марковски.Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 45-46. „Дневна доза проза“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 30-31.