Света Петка претставува главната црква во тетовското село Варвара. Во Минатото непосредно под селото имало стара разурната црквичка посветена на Св. Петка Римска. Околу 1900 година, варварчаните Миајле, Гаљо и Бошко, во средината на селото изградиле провизорна црква со плетени прачки и облепена со кал. Подоцна, на истото место селаните изградиле мала капела и ја посветиле на истиот светител. Во 1977 година црквата е обновена и фрескоживописана од Крсто Гоговски од село Непроштено, а во 1978 година е осветена од Полошко-кумановскијот митрополит Господин Кирил. Патронот на црквата се празнува на 8 август на денот на Св.Петка -Летна (Денот на Петка Римска).

Поврзано Теаречка парохија

Наводи

Надворешни врски НА ПРОСЛАВА НА СВЕТА ПЕТКА ВО СЕЛОТО ВАРВАРА -Српски поп запеа на македонски -Репортажа на весникот Време

Категорија:Варвара (Тетовско) Варвара Категорија:Градби оштетени за време на Воениот конфликт во Македонија