Масакрот кај Ми Лај (16 март 1968) е масовно убиство на повеќе невооружени селани од страна на американските војници во селцето Ми Лај, за време на Виетнамската војна.

Една група американски војници во мисија, во потрага по виетконговци, влегла во селцето, па иако таму не нашле вооружени виетконговци, ги убиле сите постари мажи, жени и деца што ги затекле во селото; само мал број селани преживеале. Инцидентот на почетокот бил прикриван од армиски офицер со висок чин, но подоцна излегол во јавноста од страна на поранешните војници. На претстојното воено судење, водачот на водот, поручникот Вилијам Кали бил обвинет за наредба за убивање со умисла и бил осуден на доживотен затвор; но претседателот Ричард Никсон интервенирал во негово име, па по три години бил ослободен. Масакрот и другите ѕверства откриени за време на судењето ја поделиле американската јавност и придонеле за зголемување на разочараноста од војната.Британика Енциклопедија Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 65

лево|мини|Виетнамски жени и деца пред да бидат убиени

Наводи

Категорија:Виетнамска војна Категорија:Масакри во Виетнам Категорија:Масакри врз Виетнамци Категорија:Масакри сторени од САД Категорија:Масакри во 1968