Аргир Кузовски - Гиро од село Четирок, Костурско, ― македонски борец од Егејскиот дел на Македонија. Бил член на Комунистичката партија на Грција (КПГ) од пред војната. Во НОВ се вклучил во 1941 година работејќи како реонски активист. Во 1944 година добил раководна функција во Прва егејска ударна бригада. За време на Граѓанската војна во Грција бил член на оперативен штаб на ДАГ, одговорен за Македонците во бригадата на ДАГ и др.

Извори Егејска Македонија во НОБ 1944-1945, Том I, Скопје 1971 Егејска Македонија во НОБ 1949, Том VI, Скопје 1983

Категорија:Луѓе од Четирок Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во непозната година