Васил Пујовски (11 октомври 1946 - 8 септември 2019) македонски драмски писател и поет за деца и за возрасни.

Животопис Роден е Д’мбени, Костурско, егејскиот дел на Македонија. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Вработен во Македонската телевизија. Цели 20 години работел како уредник на телевизиска програма за деца. Автор на повеќе телевизиски серии за деца и млади: Ајде да се дружиме, Дајте музика, Чук, чук Стојанче, Во светот на бајките ... ;

Тој бил член на ДПМ почнувајќи од 1968 година.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 219.

Творештво и стил Песната на Васил Пујовски обсервира во неколку рамнини одеднаш: во реалноста која постои во насловот на темата; во имагинарноста, составена од бесконечни спротивности и во јазикот од чие битие е составена. Тој пишувал поинаку од другите: најпрво, според стилот, а потоа и според содржината. Вешто спојува текови на повеќе времиња во едно време: час минатото е сегашност, час сегашноста исчезнува во безвременост. Неговата нарација тече необично спокојно и уште од самиот почеток воспоставува непосреден допир со љубопитството на детето.

Пишувањето за Васил Пујовски е дослух со звукот. Неосетно, ненаметливо, поезијата на Пујовски ги шири хоризонтите на сознајбата кај децата. Надреалистичките јазли, заврзани низ редовите на неговото поетско писмо, претставуваат обезјазичен простор во кој се кријат волшебните светови на сонот. Тоа се згуснати симболи низ кои се гледа и она кое не постои и се слуша и она кое не е изговорено. - Дел од поетскиот осврт на Васил Пујовски од Академик Анте Поповски.

Творештво

Светот на детскиот сон (поезија за деца, 1967) Пред божји суд (поезија, 1969) Кат Патон (поема за деца, 1972) Мижете да ве лажам (поезија за деца 1985) Ајде да се дружиме (тв-серија за деца, 1985) Сркај-кркај (поезија за деца, 1988) Било-небило (сказна, 1989) Кралот Кускуле Први (драма, 1992) Дајте музика (поезија за деца, 1994) Прва лига (поезија за деца, 1995) Ѕвездено дете (избор поезија, 1999) Ѕверка без мерка (поезија за деца, 2000) Дете голомеше (пиеса во стихови за деца, 2008) Алиса во земјата на чудата (драматизација, 2010) Јас, Ана и нејзиниот брат (збирка песни за деца, 2017)

Надворешни врски Краток животопис на страницата на Друштвото на писателите на Македонија

Наводи

Категорија:Луѓе од Д’мбени Категорија:Починати во 2019 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски уредници Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Деца бегалци