Гиновец (месно: Гинеец или Гиноец; ) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед и развиена на национална свест.
Географија Селото се наоѓа во областа Голо Брдо, на југоисточното подножје на Гиновечка Планина (Mali i Gjinovecit).Гиновечка Планина (783152) — GeoNames Лежи околу 3 км западно од границата со Македонија и 4 км од струшкото село Дренок. Од селото извира Требишка Река, која на североисток продолжува низ Требишта, ја преминува границата и се влева во Дебарското Езеро.
Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гиневиц (Ghinevitz) е село со 90 домаќинства со 134 Македонци-христијани и 118 Македонци муслимани (Торбеши).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Гинеец имало 210 Македонци-христијани.
На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население во Гиневец (Guinevetz) се состоело од 208 Македонци, сите потчинети на Бугарска егзархија.
Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Гиневец имало 26 македонски куќи под егзархијата и 45 торбешки куќи.Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2. Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Гиноец имало 35 македонски христијански куќи со 176 жители и во него работеле црква и училиште.Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213. Денешната селска црква „Св. Никола“ е изградена во 1911 г. за што сведочи нејзиниот ктиторски натпис, и е единствената преостаната од трите цркви кои некогаш ги имало во селото. Во оваа црква служел попот Станко Илија Која, православен деец на Македонците во Голо Брдо.
По Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија. Поради албанските немири од септември 1913 г. во Македонија пребегале 18 куќи, кои заедно со други бегалци од Албанија се сместени во селата Бомово, Коњари и Селокуќи.Извештај на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Гинеец се води како село од 70 куќи, од кои дел се на православни Македонци, а дел се торбешки.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Требишта.
Демографија
Родови Гиновец е македонско село.
Како православни родови се спомнуваат: Караџевци, Филковци, Трајовци, Којовци (доселени се од селото Којовци крај Лешничани), Говедаровци, Марковци (доселени од дебарското село Бомово).
Главни муслимански родови во селото се: Башовци (имаат православни роднини во струшкото село Дренок), Суљковци и др.
Знаменитости Црква „Св. Никола“ од 1911 г. Селска џамија
Иселеништво Од православните иселеници има во Скопје, струшкото село Дренок (Башовци).
Личности Станко Илија Која (1889 - 1941) — православен македонски деец и селски свештеник Вело Цфарку (р. 1935) — писател во Албанија
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица Категорија:Македонски населби во Албанија