Белеј (фр. Belœil) е населено место и општина во валонската покраина Ено, Белгија. Сместена е околу 10 км јужно од Ат. На 1 јануари 2006 општината броела 13.347 жители. Зафаќа вкупна површина од 61,55 км2, со густина на населеност од 217 жители на км2.
Општината го носи името на Белејскиот замок, некогашен дом на кнезот Шарл-Жозеф де Лињ, офицер, писател и дописник на Жан-Жак Русо и Волтер.
250px|мини|лево|Белејскиот замок - дом на кнезовите Лињевци
Познати жители Освен разните членови на семејството Лињевци што живееле во замокот, еве некои други познати личности од општината: Емили Декен, глумица Пјер Декамп, политичар Барон Емпен, претприемач и египтолог
Надворешни врски
Официјална страница на Белејскиот замок
Категорија:Општини во Ено