Благовештенската кула (руски:Благовещенская башня) е кула која се наоѓа во Кремљ, на Црвениот плоштад во Москва, Русија. Кулата поточно се наоѓа помеѓу Водоснабдителната кула и Тајната кула, по должината на реката Москва. Нејзиното име произлегува од христијанската икона "Благовештение".
Најверојатно кулата била изградена во периодот од 1487-1488 година.
Наводи
Категорија:Кули на Московскиот кремљ