Грејт Портланд Стрит (англ. Great Portland Street) е лондонска метро-станица близу Риџентс Парк. Се наоѓа помеѓу станиците и на линиите Хамерсмит и Сити, Кружна и Метрополска. Припаѓа на Зона 1.

Оваа станица била дел од првата подземна железница во светот - Метрополската железница, а сообраќајот се одвивал на потегот помеѓу „Бишопс Роуд“ (Bishop's Road), (денешна станица ) на линијата Хамерсмит и Сити и „Фарингдон Стрит“ (Farringdon Street), (близу денешната станица ). Отворена е на 10 јануари 1863 под името „Портланд Роуд“ (Portland Road), а денешното име го добила на 1 март 1917.

Локални знаменитости се Риџентс Парк и Поштенската кула. Мошне близу е станицата Риџентс Парк на линијата Бејкерлу.

Спроти станицата се наоѓа Меѓународниот студентски дом, а недалеку од ова е Харли Стрит, позната како улица на докторите и хирурзите.

Станицата се наоѓа на пешачко растојание од метро-станиците и .

Автобуски врски До станицата одат следниве лондонски автобуски линии: 18, 27, 30, 88, 205, 453, C2, 113, 139, 189, како и ноќната линија N18.

Галерија

Наводи

Категорија:Станици на Кружната линија Категорија:Станици на линијата Хамерсмит и Сити Категорија:Станици на Метрополската линија