Пентагон (англ. Pentagon = петаголник) — воена зграда која е изградена на бреговите на реката Потомак во Арлингтон, Вирџинија, САД, недалеку од Вашингтон. Таму е сместена централната американска воена администрација, снабдена со најмодерни уреди неопходни за воените потреби. Во зградата на Пентагон се наоѓа и командата на копнените, морските и воздушните воени сили на САД, како и кабинетот на државниот секретар за одбрана. Всушност, зградата е поставена со цел на едно место да се собере целото воено управување на САД. Изградбата на Пентагон почнала во 1941 година и траела 16 месеци. Кога бил изграден, тој бил најшироката административна зграда во светот. Пентагон зазема простор од 14 хектари, вклучително со внатрешниот двор, кој зафаќа површина од 2 хектари. Пентагон е работно место на околу 23.000 луѓе. Пентагон се состои од пет петкатни петоаголни корпуси. Поставени како страни на еден во друг влезени петоаголници, помеѓу себе поврзани со коридори.Најпознатите градби на светот, Феникс, Скопје, 2005, стр. 45-46

Интересни факти Пентагон располага со сопствена радио-телевизиска станица и плато за хеликоптери. Пентагон ја има една од најголемите телефонски централи во светот, која обезбедува сигурен проток на околу 200.000 разговори дневно. Автомобилскиот паркинг околу зградата собира околу 10.000 превозни средства и зазема површина од 27 хектари. Тука работи и најголемиот комплекс за приготвување храна во светот, кој дневно реализира околу 15.000 оброци.

Наводи

Категорија:Архитектурата во 1943 година Категорија:Архитектурата во 1943 година