Цвета Панчева Апостолска (, ) — македонски учесник во НОВ уште од 1941 година.
Животопис мини|Киро Глигоров со својата сестра Цвета и нејзиниот сопруг Михајло Апостолски во Љубљана, кон крајот на 1930-те|лево|284x284пкс Апостолска е родена како Панчева во 1913 година во Штип. Таа е сестра на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. Пред војната била симпатизер на напредното работничко движење. Од 1941 година учествувала во заднината на НОД и во својот дом повремено чувала илегалци и илегален материјал. Подоцна станала директен учесник во НОВ. Бидејќи нејзиниот сопруг, народниот херој Михајло Апостолски бил командант на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ за Македонија, била држана на поединачна врска. Во зимата 1943 - 1944 година по директива на Партијата илегално престојувала во Бугарија. Во април 1944 стапила во единиците на НОВ и ПОМ, во Втората македонска ударна бригада.
Од август 1944 година била доделена на работа во Националниот комитет на АВНОЈ, во поверенството за обнова на земјата. По војната се вклучила активно во општествено-политичкиот живот на Македонија и Југославија. Одреден период работела и како службеник во УДБА. Била член на КПЈ од 1948 година.
Поврзано
Киро Глигоров Михајло Апостолски
Наводи
Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ