Свети Петар и Павле — пештерна црква во преспанското село Коњско. Пештерниот храм се наоѓа во пазувите на Пречна Планина, 1,5 км јужно од селото и претставува еден природен пештерен отвор, кој денес со повлекување на нивото на Преспанското Езеро, на околу 20 m високо во карпите, е со многу тежок пристап. Пештерата се состои од два дела, пред комора, или место за молитва и внатрешен дел, т.е. монашко живеалиште. Сочувани се ликовите на „Исус Христос”, Свети Петар и Павле”, како и ликови на непознати маченици. Името на зографот е непознат, но се заклучува дека се работело за сликар кој добро ја познавал не само ликовната туку и теолошката содржина на насликаното, и истиот датира од кон крајот на XIV век. Се смета исто така дека зографот ги следел во потполност сикарските постапки на работилницата која ги сликала црквата „Св. Богородица Заумска“ (1361), како и „Св. Ѓорѓи на Ридот“ во Костур, Егејска Македонија.
Наводи
Надворешни врски Невообичаена иконографска програма во пештерната црква Свети Петар и Павле - комплетна научна анализа
Категорија:Коњско (Ресенско) Категорија:Пештерни цркви во Македонија