Јужениот жолтоклун клунорог (науч. Tockus leucomelas) е вид на клунорог кој живее во јужна Африка. Птицата е од средна големина, долга од 48 до 60 cm. Има карактеристичен голем жолт клун со израсток (помал кај женките). Кожата околу очите им е розова. Сродниот источен жолтоклун клунорог кој живее во североисточна Африка, околу очите има црна кожа.
Имаат бел стомачен дел, сив врат и црн грб со мноштво бели точки и пруги. Се хранат главно по земја, и тоа со семки, мали инсекти, пајаци и скорпии. Во суват сезона претпочитаат термити и мравки.
Женките во несат по 3 до 4 бели јајца во гнездо и ги квачат околу 25 дена. Младите израснуваат за 45 дена. Овој вид на клунорог е широко распространет на дувите трнливи полиња и широколисните шумовити предели. Честопати можат да се забележат крај патиштата.
Галерија
Наводи
Gordon Lindsay Maclean - Robert's Birds of South Africa, VI издание
Категорија:Клунорози Категорија:Птици на Африка