Во целина, сите 101 департмани во Франција се поделени на вкупно 332 окрузи ()Број на окрузи оп регион - Служба за статистика на Франција (INSEE) .

Административниот центар (главниот град) на округот се нарекува потпрефектура. Ако округот содржи префектура (гл. град на департманот), тогаш тој град игра улога на префектура (на департманот) и потпрефектура (на округот).

Окрузите понатаму се делат на кантони и општини.

Градовите Париз, Лион и Марсеј се делат на „градски окрузи“, кои се разликуваат од окрузите кои се обработуваат во оваа статија.

Управна улога За управувањето со еден округ е задолжен потпрефект () кој е помошник на префектот на матичниот департман ().

За разлика од регионите, департманите и општините, окрузите немаат статус на правно лице. Покрај ова, раководителите (потпрефектите) не се поставуваат со избори, туку се назначуваат од преседателот на државата.

Статистика Најголемиот врој департмани имаат 3-4 окрузи. Департманот ПаризПариз има голем број на „градски окрузи“, но тие се поинаков тип на единица од окрузите во статијава. и Територијата Белфор имаат само еден, додека пак Мозел има девет.

Поврзано Административна поделба на Франција Список на окрузи во Франција Округ Окрузи во Париз

Наводи

Окрузи