АББА — шведска поп-група, формирана во Стокхолм во 1972 година. Групата е составена од Агнета Фелтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад. АББА всушност е акроним од првите букви на нивните имиња. Тие станале едни од најпознатите успешни изведувачи во историјата на поп музиката, достигнувајќи го врвот на топ листите во целиот свет од 1972 година до 1982 година. Тие се исто така познати по победата на Евровизија во 1974 година, донесувајќи ѝ ја на Шведска првата победа во историјата на натпреварот и станувајќи најуспешната група која некогаш учествувала на тој натпревар . АББА имаат продадено околу 370 милиони плочи низ целиот светMike Evans: Rock'n'Roll's Strangest Moments: Extraordinary But True Tales from 45 Years of Rock & Roll History. Pavilion Books, 2014, chapter ABBA again (Sweden, 1974–1981), pp. 169 (excerpt (Google books)) и сè уште се продаваат милиони годишно што ги прави едни од најпродаваните музички уметници на сите времиња. АББА е првата поп група која дошла од неанглиско говорно подрачје и која ги усвоила топ листите во земјите на англосферата: Велика Британија, Ирска, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка. Групата исто така, имала значителен успех на пазарите во Латинска Америка и многу нивни хитови се снимени на шпански јазик. За време на активните години на бендот, Агнета и Бјорн биле брачна двојка, исто како Бени и Фрида, макар што и двете двојки подоцна се развеле. На врвот на популарноста, бракот на Бјорн и Агнета се распаднал во 1979 година, а бракот на Бени со Фрида се распаднал во 1981 година. По распаѓањето на АББА, при крајот на 1982, Агнета и Бјорн биле успешни во пишување на музички текстови, додека Бени и Фрида продолжиле со соло кариери. Популарноста на АББА била намалена сè додека не се појавиле во неколку филмови, особено Свадбата на Муриел (Muriel's Wedding) во 1994, Авантурите на Присила, кралица на пустината (The Adventures of Priscilla, Queen of the Desert) во 1994. Тоа го обновил интересот за групата. Во 1999 година, музиката на АББА е дел од успешниот мјузикл Мама Миа (Mamma Mia!) Филм со истиот наслов е снимен во 2008 а продолжението „Mama Mia: Here We Go Again“ ќе биде во режија на Британецот Ол Паркер, кој е автор и на сценарието, а извршни продуценти ќе бидат членовите на групата „Абба“, Бени Андерсон и Бјорн Улвеус .
На 50 годишнината на Евровизија во 2005, хитот на АББА, Ватерло (Waterloo) бил избран за најдобра песна. Групата била примена во Куќата на славните на рокенролот на 15 март 2010 годинаhttp://www.latimes.com/entertainment/news/la-et-quick16-2009dec16,0,6237547.story|title=ABBA Makes Rock and Roll Hall of Fame Los Angeles Times 16 December 2009|work=Los Angeles Times|date=16 December 2009|accessdate=23 August 2010}}. Во 2015, песната Dancing Queen ја добива најпрестижната награда Греми.http://www.grammy.com/news/grammy-hall-of-fame-class-of-2015
Историјат Пред АББА (60-те години на 20 век) Бени Андерсон (роден на 16 декември 1946 година во Стокхолм, Шведска), на 18 години бил член на популарната шведска поп-рок група, Хеп Старс (The Hep Stars) познати и како Шведските Битлси10 Things You Never Knew About Abba . Virginmedia.com. Retrieved 19 April 2014., кои се појавиле на многу насловни страни со нивните меѓународни хитови. Андерсон свирел клавијатура и започнал со пишување на оригинални песни за бендот, од кои многу станале големи хитови, вклучувајќи ги: No Response која го достигнала третото место во 1965 година, Sunny Girl, Wedding и Consolation. Сите овие песни биле хит број еден во 1966 година. Андерсон исто така, имал плодна текстописна соработка со Ласе Бергаген, со кого ја напишал песната Sagan om lilla Sofie (Приказна за малата Софија) која влегла на официјалната шведска топ листа во 1968 година. мини|Бени Андерсон|257x257px|левоБјорн Улвеус (роден на 25 април 1945 година во Гетеборг, Шведска), исто така својата музичка кариера ја започнал на 18 години како пејач и гитарист како фронтмен на Хутенани Сингерс (Hootenanny Singers), популарна шведска фолк-скифл група. Улвеус почнал со пишување на англиски песни за групата и накратко имал соло кариера. мини|Бјорн Улвеус на предавање во Стокхолм, 2015|259x259пксВо јуни 1966 година, Улвеус и Андерсон одлучиле да напишат заедничка песна. Нивниот прв обид бил Isn't It Easy to Say, песна која подоцна била снимена од Хеп Старс. Стиг Андерсон бил менаџер на Хутенани Сингерс и основач на Polar Music. Тој видел потенцијал во соработката со нив и ги охрабрувал да пишуваат повеќе. Двајцата, исто така почнале да свират со други бендови, сè до 1969 година, кога двајцата ги напишале и објавиле првите вистински хитови: Ljuva sextital (Слатките шеесетти), снимени од Брита Борг и хитот на Хеп Старс - Speleman. Во 1969 година за Мелодифестивален Андерсон ја напишал и доставил песната Hej, Clown. Тој фестивал се одржувал во Шведска за избор на евровизиска песна. Песната требала да го добие првото место, но на прегласувањето се нашла на второто место. Бени Андерсон тука ја запознал својата идна сопруга, Фрида која исто така учествувала на натпреварот. Како бендовите на Андерсон и Улвеус почнале да се распаѓаат во 1969 година, тие се здружиле и го снимиле својот прв заеднички албум во 1970 година, наречен Lycka (Среќа). Во овој албум биле вклучени песни, отпеани од нив двајцата. Нивните сопруги често присуствувале во студиото, а понекогаш биле придружни вокали. Агнета Фелтског напишала дури и песна заедно со нив двајцата. Сè до летото, 1974 година, Бјорн привремено снимал со Хутенани Сингерс а Бени Андерсон ги продуцирал нивните песнилево|мини|Агнета Фелтског во 1982 Агнета Фелтског (родена на 5 април 1950 година во Јеншепинг во Шведска) пеела со локален бенд, предводен од Бернт Енгхарт, кој испратил демо снимка од бендот до Карл Герхард Лундквист. На демо снимката била песната напишана и отпеана од Агнета, Jag var så kär. Тој бил толку импресиониран од гласот што бил убеден дека девојката ќе стане ѕвезда. По макотрпни напори да ја најде, договорил Агнета да дојде во Стокхолм да сними две нејзини песни. Така Агнета го достигнала првото место на слушаност во Шведска со песната што самата ја напишала. Се продале над 80 000 копии кога таа имала само 17 години. За кратко време била забележана од критичарите и композиторите. Главната инспирација на Фелтског во нејзините рани години биле многу пејачки, меѓу кои и Кони Френсис. Со свои композиции, снимила преработки на странски хитови и ги изведувала на турнеите во шведските фолк-паркови. Повеќето од нејзините хитови ги компонира самата што било невообичаено за пејачка од тоа време. Таа имала многу успешни песни на шведските топ листи. За време на снимањето во една шведска телевизија во мај 1969 година, го запознала Бјорн. Се венчале на 6 јули 1971 година. Во 1972 година, Фелтског станала ѕвезда изведувајќи ја Марија Магдалена во оригиналната шведска продукција на Jesus Christ Superstar и добила позитивни критики. Од 1967 до 1975 година, Фелтског објавила 5 студиски албума. мини|Ани Фрид Лингстад на Приказната на АББА во 1982|лево Ани-Фрид ,,Фрида‘‘ Лингстад (родена на 15 ноември 1945 година во Бјорказен, Баланген во Норвешка) пеела на 13 годишна возраст со различни бендови и работела главно во џез-кабареа. Таа формирала свој бенд Ани-Фрид Фор. Во летото 1967 година, освоила награда на националниот натпревар за таленти со песната A Day Off. Тоа било шведска верзија на песната A Day in Portofino, која била вклучена во EMI компилацијата Фрида, 1967-1972. Оној кој ќе освоел прва награда, добивал договор за снимање со EMI Sweeden и да пее во живо во најпопуларните телевизиски емисии во земјата. Кога Бени Андерсон почнал да ги продуцира нејзините песни во 1971 година, таа го достигнала првото место со нејзиниот сингл Min egen stad (Мојот роден град), напишана од Бени и работена со сите идни членови на АББА како придружни вокали. Лингстад правела турнеи и редовно ги изведувала нејзините песни во фолкпаркот и се појавувала на телевизија и радио. Таа се запознала со Бјорн Улвеус во 1963 година во тек на натпреварот за таленти, а со Фелтског во почетокот на 1968 година во една телевизиска емисија.
Фрида конечно се поврзала со идните членови на групата во 1969 година. На 1 март 1969 година, учествувала на Избор на песна за Евровизија - Мелодифестивален - каде за првпат го сретнала Бени Андерсон. Тие се сретнале повторно неколку недели подоцна за време на турнејата во јужниот дел на Шведска, па така наскоро станале двојка. Андерсон го издала нејзиниот сингл Петар Пан во септември 1969 година, нејзината прва соработка со Бени и Бјорн, така што тие ја напишале песната. Андерсон тогаш го издал деби албумот на Лингстад, Фрида, којшто бил издаден во март 1971 година. Лингстад исто така, свирела на неколку ревиски шоуа и во неколку кабареа во Стокхолм помеѓу 1969 и 1973 година. По формирањето на АББА, таа снимила уште еден успешен албум во 1975 година, Frida ensam, во којшто бил вклучен шведскиот препев на песната Фернандо. Оваа песна била хит на шведските радио листи, пред да биде претставена англиската верзија.
Прва изведба во живо и почетокот на Фестфолкет Обид за комбинирање на нивните таленти се случил во април 1970 година, кога двете двојки отишле заедно на одмор на островот Кипар. Она што започнало како пеење за забава на плажата, завршило како импровизирана изведба во живо пред војниците на Обединетите нации, кои исто така се наоѓале на плажата. Во тоа време, Бени и Бјорн го снимале нивниот прв албум, Lycka, кој требал да излезе во септември 1970 година. Агнета и Фрида биле придружни вокали на неколку песни во текот на јуни, а идејата за тие двете да работат заедно го поттикнува нивното појавување на сцената на Фестфолкет на 1 ноември 1970 година во Гетеборг. Шоуто кое се одржало во кабарето привлекло негативни критики, особено за изведбата на Бени и Бјорн на песната Hello, Old Man.
Првата заедничка плоча Hej, gamle man мини|десно|ABBA|272x272пксHej, gamle man, песна за еден стар војник од Армијата на спасот, станал нивниот прв хит. Плочата била заслуга на Бјорн и Бени и го достигнала петтото место на продажните топ листи и прво место на шведската топ листа 15 недели по ред. Во текот на 1971 година, четирите уметници почнале почесто да работат заедно; додавајќи вокали на другите плочи. Фелтског, Андерсон и Улвеус правеле заеднички турнеи во мај, додека Лингстад сама одела на турнеи. Во текот на летото, честите снимања на плочите ги споиле сите четворица.
Формирање на групата (1970-1973 година) По издавањето на Lycka во 1970 година, уште два сингла на Бјорн и Бени биле издадени во Шведска, No Doctor Can Help with That и Imagine If the Earth Were Young. Во овие песни поистакнати вокали биле Агнета и Фрида, со што се достигнал поголем успех. Агнета и Бјорн кои сега биле венчани, почнале редовно да настапуваат заедно со Бени Андерсон во фолк парковите во Шведска, во 1971 година.Стиг Андерсон, основачот и сопственикот на Polar Music, бил решен да се пробие на меѓународен план со музиката на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус. ,,Некој ден вие двајцата ќе напишете песна која ќе стане вистински хит‘‘, предвидувал Стиг Андерсон и ги бодрел да напишат песна за Изборот на Евровизија, и по две одбивања во 1971 година, Андерсон и Улвеус ја претставиле својата нова песна Säg det med en sång (Кажи со песна) на изборот што требал да се одржи следната година. За изведувач ја избрале дебитантката Лена Андерсон. Песната се пласирала на третото место, охрабрувајќи го Стиг Андерсон, и станувајќи хит во Шведска Првите знаци за странски успех се појавиле ненадејно, бидејќи синглот на Андерсон и Улвеус She's My Kind of Girl, излегол во Епик Рекордс во Јапонија во март 1972 година. Со тоа, дуото добило Топ 10 хит. Уште два сингла биле објавени во Јапонија, En Carousel (En Karusell во Скандинавија, претходна верзија на Merry-Go-Round) и Love Has Its Ways (песна што ја напишале со Коичи Морита). лево|мини|253x253пкс|ABBA (known as Björn & Benny Agnetha & Anni-Frid/Frida) at Popzien, 1973
Првиот хит