thumb|180px thumb|180px Царски топ (руски: Царь-пушка) средновековно артилериско оружје, ремек дело на руската артилерија, кој датира од 1586 година. Главен мајстор за изработка на бронзениот топ бил Андреј Чохов, и истиот бил изработен во времето на Фјодор I. Топот никогаш не служел за она за кое бил изработен.
Должината на топот е 5,34 m,Portnov 1990, p. 19 со пречник од 1200 mm , калибар 890 mm, тежина — 40 tPortnov 1990, p. 20. Секое негово ѓуле тежи 1965 кг. Топот е вклучен во Генисовата книга на рекорди како најголем на светот.Super-weapons in the history of mankind
Во текот на својата историја, топот во текот на XVIII век бил преместен во Московскиот кремљ. Денеска тој се наоѓа во близината на Царската камбанарија. За последен пат бил реновиран во 1980 година.
Наводи
Категорија:Знаменитости во Москва Категорија:Московски кремљ Категорија:Топови