Централната разузнавачка агенција (анг. Central Intelligence Agency, скратено CIA) е народна разузнавачка служба на владата на Соединетите Американски Држави која дава отчет на Директорот на државната разузнавачка служба, и е одговорна за обезбедување на државна разузнавачка безбедност на надредените политичари на САД. ЦИА исто така е вмешана и во тајните активности нарачани од Претседателот на САД. Формирањето на ЦИА произлезе од Уредот за стратешки услуги (скратено ОСС) формирана за време на втората светска војна да ги координира шпионските активности кај непријателите за организациите на Американската војска. Со државниот акт за безбедност во 1947 година се формираше ЦИА која немаше полициски и правни овластувања во земјата и странство.Една година подоцна надлежностите беа зголемени и вклучуваа саботажа, анти-саботажа и мерки за евакуација, поддршка и помош на подземните групи за резистенција, герилските и групите на бегалци и поддршка на државните анти-комунистички елементи во загрозените земји во слободниот свет. Првенствена улога на ЦИА е да собира информации за странските влади, организации и поединци и да ги советува државните политичари. Службата спроведува тајни и вооружани активности со тоа што наметнува политичко влијание преку Оделот за специјални активности. Во 2004 година одговорноста на ЦИА значитено се промени.Пред декември 2004 година ЦИА беше главна разузнавачка организација на владата на САД, која беше одговорна за целосно управување на американското разузнавачкото општество.Со Реформата за разузнавање и Актот за спречување на тероризам од 2004 година се формира канцеларијата на директорот за државно разузнавање, кој го презеде управувањето и раководењето на американското разузнавачкото општество. Денес ЦИА сѐ уште има бројни заеднички активности со разузнавачките служби од други земји. Седиштето на ЦИА е во Лангли, Меклин во округот Ферфакс во Вирџинија, оддалечена само неколку милји од седиштето во Вашингтон по реката Потомак. Некогаш ЦИА е позната по сугерирањата во владата и војската под името на Други владини служби, особено кога некои активности во некоја ообласт се јавна тајна, исто така може да се сретне под името Дружината (анг. The Company) и Агенцијата (анг. The Agency).

Организација ЦИА има едно главно седиште и неколку агенции со широкораспространети функции, и четири главни дирекции: Дирекција за разузнавање одговорна за сите извори на разузнавање, изтражување и анализи. Национална тајна служба, поранешна Дирекција за активности, која извршува собирање на тајни разузнавачки податоци и извршува тајни акции. Дирекција за поддршка Дирекција за наука и технологија

Буџет Целосниот буџет на американските разузнавачки служби беше доверлива информација до неодамна. Имаше бројни обиди да се добијат основни податоци за буџетот, и исто така имаше неколку несакани објави како онаа на Мери Маргарет Греaм, поранешен официјален и заменик директор на државната разузнавачка служба за прибирање во 2005 година, која рече дека годишниот буџет е 44 милјарди долари.

Извршно раководство Директорот на Централната Разузнавачка Служба (ЦИА) дава извештај дирекно на Директорот на државното разузнавање, во пракса тој работи со директорот на државното разузнавање, Конгресот на Соединетите Американски Држави(најчесто преку службата за конгресни работи) и Белата куќа, а заменикот директор е внатрешен извршител.ЦИА врши разни надзори во Конгресот, иако тоа главно е водечка улога. Извршното раководство исто така ја олеснува поддршката на ЦИА на Американската војска со што обезбедува информации кои ги собира, примање информации од воени разузнавачки служби и соработување на теренските активности. Двајца искусни управници имаат одговорност, едниот за ЦИА а другиот за Државната тајна служба. Заменик директорот за Воена поддршка, кој е искусен поранешен војник управува со врската помеѓу ЦИА и Унифицираните боеви команди, кои пружаат регионално/операциско разузнавање и собираат државно разузнавање, тој има помош и од Службата за воени работи во обезбедување поддршка во сите области на војската. Во Државната тајна служба вонреден заменик директор за активности за воени прашања работи со специфичните тајни човечки извори разузнавање и со тајните акции за поддршка на воените активности. ЦИА исто така обезбедува разузнавање на државно ниво достапно за тактички организации, најчесто за нивната целосна разузнавачка група извори .

Извршен персонал Вработените во канцелариите со неколку основни одговорности даваат извештај на извршното раководство. Тие исто така собираат информации и за таквите информации даваат извештај на Извршното раководство. Генерални објавувања Училишниот центар на ЦИА за разузнавање ги содржи историските материјали за Службата и го прикажува учењето на разузнавањето како легитимен предмет. Во 2002 година Шерман Кент од Школата за разузнавачка анализа започна со издавање на тајните повремени документи на центарот Кент, со цел да понуди можност за разузнавачки професионалци и заинтересирани колеги во едно неофицијално и неограничено ,,Возило`` да дебатираат и да ја подобрат теоријата и практиката на разузнавачката анализа. Генерален бранител и инспекторат Две служби го советуваат Директорот на законитите и правилни активности. Службата на Генералниот Бранител го советува Директор на Централното Разузнавање за сите правни работи во врска со него како Директор на Централното Разузнавање и таа е основен извор за одбрана од законодавството за ЦИА. Службата на генералниот инспектор промовира ефикасност, делотворност и одговорност во актвностите на администрацијата во Агенцијата, и се обидува да наоѓа и спречува измами, непотребни трошоци, злоупотреба и запоставување на работата. Генералниот инспектор чии активности се независни за разлика од тие оод било која друга компонента на во Агенцијата, и дава извештај директно на Директор на Централното Разузнавање. Јавни работи Службата за Јавни Работи го советува Директор на Централното Разузнавање за сите комуникациски прашања во врска со медиумите, јавната политика и за вработените. Оваа служба меѓу другите функции работи со забавната индустрија. Дирекција за разузнавање Дирекцијата за разузнавање обезбедува секаков вид на разузнавачка анализа за странски прашања. Има четири регионални аналитички групи, шест групи за транснационлални прашања и две одделенија за поддршка. Регионални групи Тука е службата која е посветена на Ирак, и регионалните аналитички Служби: Службата за анализа на средниот исток и северна Африка (MENA) Службата за анализа на Јужна Азија(OSA) Службата за анализа на Европа и Русија (OREA) Службата за анализа на Азискиот Тихи Океан, Латинска Америка и Африка(APLAA) Транснационални групи Службата за терористичка анализа го поддржува Државниот центар за антитероризам преку Директорот на државното разузнавање. Службата за транснационални прашања проценува и согледува постоечки и нови закани на американската национална безбедност и ги обезбедува најискусните творци на политиката, воени планери го анализира спроведувањето на законот, предупредувањето, и кризната поддршка. Центарот за дрога и криминал на ЦИА истражува информации од интернационален криминал за творците на политиката и заедницата која ги спроведува законите. Бидејќи ЦИА законски нема полициски авторитет, најчесто анализите ги праќа на ФБИ и други надлежни организации како што се ДЕА и службата за дрога, тутун и огнено оружје. Разузнавањето за оружје, нераспределување и центарот за контрола за наоружување одезбедува информации за државни и странски закани, исто така дава поддршка за намалување и контрола на вооружувањето. Групата од центарот за контраразузнавачка анализа ги спознава, надгледува и разгледува напорите на странските разузнавачки лица, државјани или не кои работат против интересите на владата на САД. Работи со персонал на ФБИ во седиштето на Државното контраразузнавање со кое раководи директорот на државното разузнавање. Групата од центарот за информатички активности се справуваат со заканите во американските компјутерски системи. Оваа единица е поддржана од Директорот на државното разузнавање. Поддршка и основни единици Службата за собирање на стратегии и анализи обезбедува разбирачка разузнавачка колекција екпертизи до Дирекцијата за разузнавање, до поглавните вработени во Агенцијата и разузнавачката заедница и до клучните државни творци на политиката. Службата за политичка поддршка ја упростува анализата а Дирекцијата за разузнавање и ја прикажува на широкораспространетите политики, спроведувачите на законот, војската и примачите на странски врски. Дражвна тајна служба Во 2004 година на ЦИА и беше доделена надлежност над целото човечко разузнавање во САД, што многумина сметаат дека е јадро на Агенцијата. Државната тајна служба (поранешна Дирекција за активности) е одговорна за собирање на разузнавачки информации од странство, преку тајни извори и тајни акции. Новото име укажува дека има примено одредени тајни средства од Министерството за одбрана. Државната тајна служба беше создадена да се прекине со долгогодишното противење за влијанието, филозофијата и буџетот помеѓу Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави и ЦИА. Министерството за одбрана создаде Тајна служба за одбрана под службата за разузнавање на министерството за одбрана која по одлука на претседателот на САД стана дел од Државната тајна служба. Точната денешна организација на Државната тајна служба е класифицирана. Дирекција за наука и технологија Дирекцијата за наука и технологија беше создадена за истражување, создавање и управување со техничката опрема. Многу од новитетите беа префрлени на други разузнавачки организации бидејќи стана повеќе отворена кон воените услуги. На пример создавањето на набљудувачкиот авион У-2 кој лета на многу висока надморска височина беше во соработка со Военото воздухопловство на САД. Главната задача на авионот У-2 беше тајно да фотографира над непријателски области како што беше Советскиот Сојуз. Подоцна беше обезбеден со предупредувачко разузнавање и способност за сигнално и мерно разузнавање, и сега е управуван од военото воздухопловство на САД. Фотографското разузнавање собрано од У-2 и од извидничките сателити беше разгледано од организацијата на Дирекција за наука и технологија со име Државен центар за објаснување на фотографии, кој има аналитичари од ЦИА и од армијата. Подоцна Државниот центар за објаснување на фотографии беше префрлен во Државната агенција за геосателитско разузнавање. ЦИА секогаш покажува силен интерес во тоа да користи технолошки напредок за подобрување на ефективсноста. Историски овој интерес има две главни цели: искористување на техники за сопствена употреба борба против сите нови разузнавачки технологии кои Советскиот Сојуз може да ги развие. Во 1999 година ЦИА ја создаде фирмата со ризичен капитал Ин-Ку-Тел за да помогне со финансирање и да развие технологии кои се во интерес на службата. Долго време беше пракса на ИТ да известува за главниот развој, како што се извидничките авиони и сателити. Дирекција за поддршка Дирекцијата за поддршка има организирачки и административни функции врз значителни единици како што се: Одделот за безбедност Одделот за врски Одделот за Информатички технологии (ИТ) Практика Одделот за практика започнува со практика за службеници почетници за новите вработени, но исто така одржува и курсови со широк размер на специјализирани професионални дисциплини. Така што првиот курс може да го земат вработени кои не добиле конечен безбедносен сертификат и на тој начин не им бил забранет пристап без пратење до зградата на Седиштето, добар дел од основната практиката се дава во службените згради во урбаните области на Арлингтон, Вирџинија.