Јоаким III Цариградски (грчки: Ιωακείμ Γ΄ Μεγαλοπρεπής) — цариградски патријарх во периодот од 1878 до 1884, и од 1901 до 1912 година. Тој бил еден од највлијателните патријарси на XIX и XX век.

Тој е роден во Цариград, денешен Истанбул во 1834 година под името Христос Девеѕис. Тој води потекло од градот Крушево, денешна Република Македонија. Своето образование го завршил во Виена. лево|мини|„Ривалски поглавари владеат во Константинопол и обајцата играат политика со Султанот“. The Tacoma Times, 9 февруари 1904. Во текот на 1858 до 1861 година бил ѓакон на црквата „Свети Ѓорги“, која подоцна била обновена кога тој станал патријарх. Во 1864 година бил избран за епископ на Варна и во 1874 година за владика во СолунConstantinople, old and new By Harrison Griswold Dwight Page 509-510 ISBN 0710307217. Во 1880 година го основал списанието Вистина. До 1889 година живеел и работел во Цариград. Во текот на неговиот прв мандат, тој најмногу внимание посветувал на пронаоѓање на поголеми финансиски средства за патријаршијата. а потоа отишол во Атон, каде се задржал до 1901 година.

Патријарх Јоаким III постојано се обидувал да пронајде решение за поделбата на тогашните македонски епархии помеѓу Патријаршијата и Бугарската егзархијаTaming Balkan nationalism By Robin Okey Page 35 ISBN 0199213917. Јоаким III побарал сите македонски епархии јужно од Велес да останат под јурисдикција на Цариградската патријаршија, бидејќи според неговото мислење таму наводно живеле Грци.

Наводи

Категорија:Родени во 1834 година Категорија:Луѓе со потекло од Крушево Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Гркомани Категорија:Македонски Власи Категорија:Луѓе од Истанбул Категорија:Починати во Истанбул