Фредерик Соренсен (дански: Frederik Sørensen) — дански фудбалер, дефанзивец на Јувентус во италијанската Серија А.

Неговиот прекар е Сое или Ice-Man..

Кариера Роден во Копенхаген, Соренсен ја започнал својата кариера во екипата на Лингби. Во летото 2010 година бил доведен на позајмица во Јувентус. Поради повредата на неколку одбранбени играчи, на стартот од сезоната добил шанса да седи на клупата за натпреварите против Болоња и Милан. Веќе во следното коло на 7 ноември, кога и Џорџо Кјелини и Никола Легротаље биле повредени, Соренсен добил шанса да дебитира во првиот тим на Јувентус во победата над Чезена со 3-1. Две кола подоцна тој играл како десен бек во дербито со Рома, заменувајќи го Марко Мота.

Надворешни врски Фредерик Соренсен на soccerway Фредерик Соренсен на transfermakt Фредерик Соренсен на whoscored Фредерик Соренсен на espn Фредерик Соренсен на Goal.com

Наводи

Категорија:Дански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Келн Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година