Кирил Преславски или Кирил Хајнрих Франц Лудвиг Антон Карл Филип бил кнез на Бугарија и престолонаследник на бугарскиот престол од 3 октомври 1918 до 16 јуни 1937 година. Кирил бил син на Фердинанд I, брат на Борис III и принцезите Евдокија и Надежда.

Кирил е роден на година во . Во бугарската престолнина завршил Воено училиште и учествувал како офицер во Балканските војни и Првата светска војна. По абдикацијата на својот татко Фердинанд од бугарскиот престол во 1918 година, тој заедно со него заминал во Германија. Во 1926 година Кирил се вратил во Бугарија. По смртта на брат му Борис III, на 9 септември 1943 година, кнезот Кирил бил избран за регент од страна на Народното Собрание, бидејќи синот на Борис, Симеон ІІ (идниот премиер на Република Бугарија) не бил полнолетен.

Но по напредокот на Црвената армија на територијата на Бугарија, принцот бил заробен и осуден на смрт од страна на т.н. Народен суд во јануари 1945 година, заедно со Богдан Филов и генерал-лејтенант Никола Михов, осум царски советници, 22 министри од кабинетите на Филов, Добри Божилов и Иван Багрјанов и 67 пратеници од Народното Собрание, вклучително и неговите претседатели Никола Логофетов и Христо Калфов. Тие биле обвинети под сомнение дека соработувале со германските власти.

Така кнезот Кирил бил убиен од страна на новите комунистички власти во реонот на Софиските градски гробишта на година. Неговото тело, заедно со останатите, биле фрлени во јама.

Во 1995 година, неговото обвинение било поништено од страна на бугарскиот суд.

Категорија:Бугарски политичари Категорија:Регенти на Бугарија Категорија:Луѓе од Софија Категорија:Династија Сакс-Кобург и Гота (Бугарија) Категорија:Погребани во Рилскиот манастир Категорија:Починати во Софија