300px|мини|Плоча на Tangerine Microtan 65, со 1024 бајти RAM меморија. Првпат продадена во 1979 година. Килобајт (од англ. kilobyte) е содржател на единицата за дигитални податоци бајт. Според Меѓународниот систем на мерни единици (SI), претставката „кило“ значи 1000, па затоа 1 килобајт е еднаков на . Симбол на оваа единица е кБ (kB) или кбајт (kbyte).
Во некои полиња на информатиката е вообичаено под „килобајт“ се подразбираат 1024 (210) бајти .http://www.merriam-webster.com/dictionary/kilobyte Сите организации за стандардизација го сметаат ова за неисправно и го промовираат новиот систем на претставки утврден од Меѓународната електротехничка комисија, според кој вакво значење има кибибајтот, а пак „килобајтот“ има . Овој нов стандард сè уште нема најдено широка примена, особено поради постојаниот отпор во некои полиња на информатиката, каде новите претставки се сметаат за неестетски.
Двосмисленост
И покрај претставките утврдени по Меѓународниот систем на мерни единици, големината на килобајтот отсекогаш била двосмислена. Електронските кола за складирање на податоците имаат бинарна архитектура, што значи дека бројот на упатни места складирање се изразува со степен на основа 2, па така големината на складиштето не претставува целоброен содржател 1000, туку на 1024. Меѓутоа, бидејќи 1024 (210) е приближно на 1000, најзгодно било да се користи претставниот симбол к (кило), кој подоцна се одомаќинил. Од друга страна, постојат производи чии фактори на капацитет не можат да се изразат со степен на основа 2. Вакви се магнетните дискови (број на сектори и витки) и мрежната опрема (битови стапки). За нив се користат строго децимални единици.
За децималните (деливи со 1000) и бинарните (деливи со 1024) вредности ги користат следниве претставки, зависно од контекстот:
1000 бајти (103): Ова толкување го препорачуваат сите меѓународни организации за стандардизација како IEC, IEEE и ISO, со кратенката „кБ“. Оваа единица наоѓа честа примена кај количините што не се засноваат на степен основа на 2, како битовите стапки. Исто така ова толкување наоѓа примена кај складишните Кратна на јадрото на LinuxНапис за јадрото на Linux во кој се најавува промената и Mac OS X 10.6. 1024 бајти (210): Со оваа единица се изразуваат количини што се засноваат на степен со основа 2, како на пр. складишните чипови. Програмите како Microsoft Windowshttp://support.microsoft.com/kb/90994 исто така ги изразуваат капацитетите на складирање во 1024 бајти. Иако употребата на килобајтот за овој износ е доста присутна, овој пристап е строго забранет од системот SIМеѓународен систем на мерни единици (SI), VII издание, 1998, оддел 3.1, стр. 103, странична белешка и другите организации за стандаризација. За количината „1024 бајти“, се препорачува единицата кибибајт (КиБ).IEEE Std 260.1-2004, IEEE - стандардни азбучни симболи за мерни единици (SI-единици, американско-британски единици и извесни други единици), Преработка на IEEE Std 260.1-1993 (IEEE, Њујорк, 2004) Претставки за бинарни содржатели — NIST-ов прирачник за константи, единици и несигурност Меѓутоа JEDEC сепак ги користи претставките кило, мега и гига со бинарно значење.
Поврзано Кибибајт Бинарна претставка Величински редови (податоци)
Наводи
Категорија:Единици за информации