Константин I (грчки: Κωνσταντῖνος Αʹ, Βασιλεὺς τῶν Ἑλλήνων, Konstantínos Αʹ, Vasiléfs ton Ellínon; роден на во – починал на во ) бил крал на Грција во периодот од 5 март 1919 до 30 мај 1917, како и од 6 декември 1920 до 14 септември 1922 година.
Биографија лево|мини|Константин со грчката војска влегува во Солун Константин бил син на Георги I. Завршил воено училиште во Атина и политички науки на универзитетот во Лајпцинг, Германија. Се оженил за германската принцеза Софија, сестра на Вилхем II. Тој бил на чело на грчката армија во времето на Грчко-турската војна и Балканските војни. Во негово време, неговата земја се проширила на сметка на Македонија, заземајќи површина од 34.356 km2, заедно со нејзиниот најголем град Солун.
На 30 мај 1917 година под притисок на сојузниците бил принуден да се откаже од престолот во корист на својот втор син Александар и со престолонаследникот Георги да ја напушти земјата. По завршувањето на Првата светска војна, во 1920 година починал кралот Александар, а Елефтериос Венизелос бил поразен на изборите. Оа довело до одржување на референдум според кој Константин I повторно станал крал на Грција.
Но поразот во војната од Турција во 1922 година, како и започнувањето на бунтот на Николаос Пластирас и Стилијанос Гонатас, довело до повторна детонација на кралот на 27 септември 1922 година, овој пат во корист на неговиот син Георги.
Категорија:Гликсбурговци (Грција) Категорија:Балкански војни Категорија:Грчки фелдмаршали Категорија:Витези на Златното Руно Категорија:Летни олимписки игри 1896 Категорија:Православни монарси Категорија:Грчки кралеви Категорија:Европски монарси од 20 век Категорија:Апсолвенти на Хајделбершкиот универзитет Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа