Плански региони во Латвија () — територијални единици кои не се дел од административната поделба на државата и не се споменати во законот за територијална поделба на Латвија, туку нивната цел е за полесно управување на развојот на целата територија. Латвија има пет плански региони: Латгале, Рига, Курземе, Виѕеме и Земгале. Границите на регионите се одредени според границите на општините од кои се составени регионите и се според новата административна поделна на Латвија од 1 јули 2009.
Региони РегионНајголем градПовршина (км2)Население и густина (жит/км2) РигаРига10.1321.098.523 — (108,3) КурземеЛиепаја13.596301.621 — (22,1) ЛатгалеДаугавпилс14.549343.646 — (23,5) ЗемгалеЈелгава10.733281.928 — (26,1) ВиѕемеВалмиера15.246235.576 — (15,4) ЛатвијаРига64.2562.261.294 — (34,9)
Поврзано Административна поделба на Латвија Културни региони во Латвија
Наводи
Надворешни врски Министерство за регионален развој и локална самоуправа на Латвија
Категорија:Административна поделба на Латвија