Сушево — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
Сушево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.
Надморската височина во селото е 300 метри додека селото зафаќа површина од 10,9 км2. Од нив, 373 хектари се обработливо земјиште, 456 хектари се шуми и 183 хектари се пасишта Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.282.
Историја Антички период
thumb|десно|ОУ „Гоце Делчев“ thumb|десно|Црква „Св. Димириј“
Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Граница. Претставува населба од доцноантичко време. На 2 км северно од селото, на висок рид со доминантна местоположба, на простор од 70 х 50 м има големи грамади од насобрани камења, фрагменти од питоси и покривни ќерамидиКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. Освен тоа, во селото се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Манастир. Претставува базилика од старохристијанско време. На 500 м западно од селото се гледаат темели на старохристијанска базилика која е значително оштетена. Темелите се градени од камен и варов малтер.
Отоманско Царство
Во текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 60 жители Македонци и 190 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 56 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..
Југославија
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС.
По крајот на Втората светска војна, Сушево било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Демографија
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци и 100 Македонци.
На пописот од 2002 година, селото имало 723 жители и спаѓа во групата на средно големи села, но низ годините е забележат благ пораст на населението.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сушево има 508 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност Вкупно Македонци 441Албанци 2Турци 8Роми 0Власи 0Срби 0Бошњаци 0Други57 На табелата е прикажан националниот состав на селото низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика. ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Вкупно1948————————4301953120—3593———74891961489—26——2—15181971635—10——2—16481981709—12————47251991731—14——2—17481994729—16—————7452002707—15————1723
Институции и знаменитости ОУ „Гоце Делчев“
Археолошки наоѓалишта Граница — населба од доцноантичко време; Манастир — базилика од старохристијаснско време;
Цркви Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква; Црква „Св. Ѓорѓи“ - манастриска црква;
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1807 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 569 гласачи.
Наводи
Надворешни врски Општина Василево
Категорија:Села во Општина Василево Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија