Единство бил весник на Реформската струја од Македонската револуционерна организација.
Почнал да излегува на 27 септември 1908 година, три дена по обидот за атентат врз Јане Сандански и два дена по планираниот, но неодржан конгрес на МОРО. Се печател во Солун. Вкупно имал 25 броја, а ги изразувал ставовите на Реформската струја, првенствено на Струмичаните околу Христо Чернопеев.
Негови уредници биле Ангел Томов и Павел Делирадев. Весникот ја отфрлил идејата за автономна Македонија и вооружената борба, а се залагал за федеративниот принцип. „Единство“ давал поддршка на Младотурците, а ги напаѓал ставовите на Конзервативната струја на ВМОРО.
По надминувањето на несогласиците помеѓу серските, од една страна, и струмичките и солунските револуционери, од друга страна, во јануари 1909 година „Единство“ се обединил со весникот „Конституциона зора“ и продолжил како „Народна волја“.Куманов, Милен. Македония. Кратък исторически справочник, София, 1993, стр. 98.Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него, Университетско издателство "Св. Климент Охридски", София, 1992, стр. 101.Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 306.
Извори
Категорија:Весници на Македонската револуционерна организација