Тито Беличанец (Скопје, ) — македонски правник, редовен професор на Правниот факултет во Скопје и публицист.
Животопис Беличанец е роден во Прилеп на 24 јули 1946 година. Води подалечно потекло од селото Белица, по што го добил и презимето. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во учебната 1968/69 година, на Управно-политичката насока. До 1970 година, тој работел во Републичката конференција на Сојузот на младината на Македонија, како стручен соработник. На 1 март 1970 година, тој бил примен за приправник-стажант на Правниот факултет во Скопје, a во јуни истата година бил избран за асистент по предметот организација и самоуправување во работните организации. Во 1973 година, тој последипломски студии на Правниот факултет во Скопје ги завршил со одличен успех, ја одбранил магистерската теза „Моќта во самоуправната организација” и се стекнал со звањето магистер на политичките науки. На 19 октомври 1979 година ја одбранил докторската дисертација под наслов: „Институционалните облици на самоуправно здружениот труд” и се стекнал со звањето доктор од областа на правните науки. Во 1977 година, тој бил избран за предавач и држел предавања на правните факултети во Скопје и во Битола. Во декември 1979 година бил избран за доцент. Во 1985 година, тој станал вонреден професор на научната област самоуправно здружен труд. Кон крајот на 1991 година, тој бил избран за редовен професор на научната област на деловното право. Раководител е на последипломските студии по Деловно право на Правниот факултет во Скопје. Учествувал во многубројни научноистражувачки прокти. Објавил неколку монографии и коментари на закони кои се рецензирани при изборот на вонреден и редовен професор. Тој бил член на стручни и општествени тела во Македонија. Од 1986 до 1991 година, тој бил член, a подоцна и потпретседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ и претседател на Комисијата за односи со верските заедници. Од март 1998 година е член на Венецијанската комисија на Советот на Европа. Во текот на 1981/82 и 1982/83 година бил декан на интердициплинарните студии по новинарство. Во текот на учебната 1983/84 година и 1984/85 година бил продекан на Правниот факултет во Скопје. Член е на Претсеталеството на Здружените на правници во стопаството на Македонија и претседател на Советот на Центарот за трговско право во рамките на проектот на USAID. Беличанец живее во Скопје.
Библиографија
Беличанец има издадено голем број на трудови и публикации: Приватизацијата на општествениот капитал во Република Македонија, студија од група автори од Правниот факултет, издание на Правниот факултет во Скопје, септември 1991; Модели на општи акти на друштвата во мешовита сопственост, “Ким Консалтинг”, Скопје, 1991; Кибернетско изразување на нормативните акти, Годишник на Правниот факултет, том 35, 1992/93; Кон новиот концепт на работното законодавство на Република Македонија, ЗПСМ, Струга, 1993; Коментар на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал со модели на акти за негова примена, “Ким Консалтинг” во соавторство со проф. д-р Милан Недков, Скопје, 1993; Колективните акти и колективните договори, ЗПСМ, Струга, 1994; Приватизација на градежно земјиште - правни аспекти, член на групата автори од Правниот факултет што ја подготви студијата, издание на Правниот факултет, 1994; Странските вложувања и трансформацијата на претпријатијата со општествен капитал, ЗПСМ, Охрид, 1994; Приватизацијата како процес на трансформација на претпријатијата со општествен капитал во друштва на капитал, Европската недела на правото, Правен факултет, Скопје, 1994; Работните односи, Законот за работни односи со модели на акти за негова примена, заедно со д-р Благоја Брајановски и Стојан Трајанов, “Ким Консалтинг”, Скопје, 1994; Предлог на Законот за трговските друштва (работен текст) и разрешувањето на некои дилеми во врска со видовите на трговските друштва, ЗПСМ, Охрид, 1995; Запишувања во судскиот регистар кои произлегуваат од спроведувањето на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, Коментар, “Ким Консалтинг”, Скопје, 1995; Статусот на имател на акции во акционерско друштво - стекнување на статусот на акционер и неговите права и обврски, ЗПСМ, Струга, 1996; Законот за трговските друштва, “Ким Консалтинг”, Скопје, 1996; Трудово право, (учебник) издание на Правниот факултет во Скопје, заедно со д-р Гзиме Старова, 1996; Стечајниот план како новина во стечјната постапка, ЗПСМ, Охрид, 1997; Преструктурирање на управувањето со претпријатијата, Трет Експертски форум, Охрид, 1997; Арбитражата во работните односи, ЗПСМ, Охрид, 1997; Интернационална енциклопедија за компаративно право, изадвач, International association of legal science, Хамбург, Сојузна Германија, (на англиски), 1998; Модел на Статут на акционерско друштво, ЗПСМ, Охрид, 1998; Закон за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал - некои концепциски и правни аспекти, Охрид, 1999; Примената на Законот за трговските друштва и неговата натамошна доградба, Work shop, Меѓународна средба во Охрод, 2000; Управување со друштвата, ЗПСМ, Охрид, 2000, Приватизација на установите, ЗПСМ, 2001.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Правници од Прилеп Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Доктори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Професори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Професори на Правниот факултет (Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола) Категорија:Луѓе со потекло од Белица (Порече)